Дефинитивно треба да ја искористите сезоната на дињи. Содржат каротеноиди, фолати, без кои нема нормален развој на нашите клетки, влакна и фитонутриенти, а имаат и низок гликемиски индекс.
Дињата е здрава и е еден од најдобрите избори за топлите летни денови, не само на кришки, туку и како база за освежителни сокови, фрапе и како додаток на егзотични и вкусни брускети, во комбинација со некоја солена храна, како што е пршутот.
Постојат повеќе видови диња, а кај нас најзастапени се оние со портокалова или жолта внатрешност, како и зелената, која е нешто помала и позната како руски ананас.
Зошто дињата е добра за здравјето?
Дињата содржи исклучително малку калории и масти, а нејзиниот плод содржи 95 отсто вода, 1 отсто протеини, 5,5 отсто шеќер, 1 гр растителни влакна, лимонска киселина…
Богата е со витамини како што се каротин, витамин Б и витамин Ц, а од минералите содржат фосфор, калциум, магнезиум, калиум, железо, цинк…
Диња за слабеење
Една диња со средна големина содржи 275 калории. Затоа, би можеле без страв да изедете дури и 2 цели дињи за појадок.
Ако јадете диња за појадок, калориската вредност ќе биде како да сте изеле 2 варени јајца и 2 кришки тост од цело зрно.
Една диња содржи околу 7,3 грама влакна, што е околу четвртина од препорачаната дневна доза. Но, влакната не се единственото нешто што ќе ве засити.
Човечкото тело е дизајнирано да бара храна додека не ја задоволи потребата на телото за основни хранливи материи.
Лесно ќе го задоволите со јадење диња – телото потоа добива сигнал дека примило се што му треба и конечно се чувствувате сити.
И тоа ќе ви помогне да изгубите тежина.
За дополнително да ја забрзате работата на дигестивниот систем и да спречите запек, јадете диња на празен стомак, со некое друго овошје кое побавно се распаѓа.
Одличен избор се јаткастите плодови на кои им требаат околу 4 часа за да се разградат.
За подобар вид и здравје на очите
Дињата содржи каротеноиди – антиоксиданти кои помагаат во одржувањето на здравата функција на очите и фолати без кои нема нормален развој на нашите клетки.
Доколку секојдневно консумирате диња, тоа може да влијае на вашиот подобар вид.
Витаминот Ц, зеаксантинот и каротеноидите од него го подобруваат видот и го намалуваат ризикот од катаракта и макуларна дегенерација.
Спречува дехидрација
Поради високата содржина и на вода и на електролити, дињата добро ја балансира нивната врска. Задолжена е за подобра хидратација на организмот, што особено во лето влијае на задржување на потребните електролити во организмот.
Добро го регулира нивото на шеќер во крвта
Дињата може да помогне во правилното справување со дијабетесот бидејќи има низок гликемичен индекс: 4 (четири).
Ниското гликемиско оптоварување значи и спречување на скокови на шеќерот во крвта, па затоа се препорачува како редовен дел од исхраната на луѓето со дијабетес.
Дињата има и многу влакна и фитонутриенти, а има и низок гликемиски индекс.
Поздраво срце и подобар крвен притисок
Сите дињи се полни со калиум, кој помага да се релаксираат крвните садови и да се намали крвниот притисок.
Ова е многу важно за време на високи температури бидејќи срцевите пациенти и луѓето со висок крвен притисок се изложени на посебен ризик.
Богатството со количина на витамин Ц има бројни придобивки за нашето здравје, особено во однос на зајакнување на имунитетот, а високото ниво на калиум во дињата е важно за правилно функционирање на срцето.
Дињата содржи три пати повеќе калиум од лубеницата.
Фолатите штитат и од сериозни болести
Студиите ја покажале значајната улога на овие соединенија во спречувањето на ракот, како и користа кога се даваат во раните фази на ракот.
Потребни се повеќе истражувања за позначајно да се потврди антиканцерогениот потенцијал на дињата.
Исто така, постојат индикации дека јадењето диња ја забавува прогресијата на артритисот и го намалува ризикот од астма.