Динстана кисела зелка без месо за здрави црева и имунитет

Фото: Freepik
115

Содржи влакна кои придонесуваат и за здравјето на нашиот дигестивен систем, а има и витамин Ц и витамин К, помага во регулирањето на шеќерот, како и во рамнотежа на електролитите, а благодарение на антиоксидантите се бори против слободните радикали.

Веќе е познато дека киселата зелка е вистинска ризница за здравјето бидејќи се вбројува во ферментирани производи, а токму таквите намирници ги сакаат нашите добри цревни бактерии. Покрај тоа, таа е богата со витамин Ц, кој ни треба повеќе во зимските месеци кога е помалку достапен.

Содржи влакна кои придонесуваат и за здравјето на нашиот дигестивен систем, а има и витамин К, кој е неопходен за правилно згрутчување на крвта, но и за здравјето на коските. Помага во регулирањето на шеќерот во крвта, како и во рамнотежа на електролитите, а благодарение на антиоксидантите се бори против слободните радикали.

Динстана кисела зелка без месо – со тофу и леќа

Ви носиме рецепт кој ќе ги воодушеви веганите, но и оние кои сакаат да направат мала пауза од месото или да ѝ дадат шанса на некоја друга храна.
Состојки:
1 кг кисела зелка
1 црвен кромид (сецкан)
2 чешниња лук (сецкани)
половина чаша црвена леќа
200 гр тофу
1 супена лажица маслиново масло
1 ловоров лист
1 лажичка соја сос
половина лажичка ким
половина лажичка мелен пипер
половина чаша супа од зеленчук (или вода)
црн пипер
сол
свежо сечкан магдонос.
Подготовка:

Добро исплакнете ја леќата под вода.
Тофуто се сече на коцки и се пржи малку на маслиново масло.
Потоа загрејте уште една лажичка маслиново масло во тавата, потоа додадете го кромидот и пржете го неколку минути, а потоа лукот и пржете уште една минута.
Додадете кисела зелка и динстајте 10 минути.
Додадете ја леќата, ловоров лист, ким, супа од зеленчук и мелен пипер. Поклопете го тенџерето и оставете го да се готви околу 25 минути.
После тоа, додадете тофу и соја сос и динстајте уште пет минути.
Пред сервирање посипете со магдонос и послужете со домашен леб.

Динстана кисела зелка без месо – со грав
Еве уште еден рецепт за динстана кисела зелка без месо со омилената зимска храна – грав.

Состојки:
1 кг кисела зелка
1 црвен кромид (сецкан)
2 чешниња лук (сецкани)
2 моркови (исечени на тркалца)
1 чаша варен или конзервиран грав
2 лажички маслиново масло
1 ловоров лист
половина лажичка мелен пипер
половина лажичка сува мајчина душица
половина лажичка ким
половина чаша супа од зеленчук (или вода)
1 супена лажица соја сос
црн пипер
сол
свеж магдонос.
Подготовка:

Загрејте една лажичка маслиново масло во тава, потоа додадете го кромидот и пржете го неколку минути, а потоа лукот и пржете го уште една минута.
Додадете ги морковите и динстајте уште три минути.
Киселата зелка ситно се сечка и се додава во тавата и се динста.
Додадете го ловоровиот лист, мајчина душица, мелениот пипер и кимот, па соја сосот, бибер и сол и измешајте.
Додадете ги супата од зеленчук и гравот и оставете да се вари околу половина час.
Кон крајот на готвењето посипете со магдонос и послужете со пченкарен или ржан леб.