Додека сѐ уште има домати…Имаме проверен рецепт за домашен кечап

Фото: Unsplash
2.485

Откако ќе направите свој, никогаш повеќе нема да купите кечап во супермаркет. Имаме одличен и проверен рецепт.

Купете сочни домати додека сѐ уште се достапни и направете домашен кечап, нема да ви треба посебна опрема, а ќе биде многу подобар и повкусен, а не да кажуваме дека ќе биде и поздрав од оној купен во продавница.
Во разговор со продавачите на пазарот, дознавме дека сезоната на домати може да трае само до крајот на септември, па заклучивме дека најдобро би било веднаш да се почне со подготовка на омиленото зимско јадење. Го најдовме овој проверен рецепт за домашен кечап.

Иако на почетокот може да ви изгледа премногу комплицирано, со оглед на тоа што веројатно цел живот купувате кечап во супермаркетите, подготовката всушност воопшто не одзема премногу време и не ви се потребни посебни состојки. Подгответе домат, црн пипер, кромид и јаболко, шеќер, ацето балсамико, сенф и сол, а во случај секогаш да избирате лут кечап, кога ќе се свари, додадете малку чили пиперка во сосот. Определете ја лутината според вашиот вкус.

Единствената опрема што ќе ви треба е поголемо тенџере, а најмногу време ќе ви одземе готвењето. Имено, за да добиете убав, моќен сос, ќе ви требаат приближно два до три часа готвење на средна температура, во зависност од густината што сакате да ја добиете. Во тенџерето ставете ги сите состојки и убаво измешајте, па почнете да готвите. Подолу е рецептот што го најдовме ТУКА.

Ќе ви требаат:

3 кг домати (на пример, воловско срце)
200 гр свежа црвена или бугарска пиперка (се мисли на исчистени и излупени намирници)
150 гр црвен кромид (се мисли на исчистени и излупени намирници)
100 гр јаболка (се мисли на исчистени и излупени намирници)
90 гр нерафиниран кафеав шеќер
50 гр балсамико оцет
1/2 лажица сенф
1/2 лажица сол

Повремено мешајте го кечапот за да не се залепат состојките на дното на садот. На крајот, кечапот мора да се испасира и да се прелие во стерилизирани шишиња. Се чува на ладно место или во фрижидер.

Можете да го користите на ист начин како купечкиот, како додаток на сендвичи и хамбургери, како сос со помфрит, но можете да го додадете и во сосови и други јадења од домати и да го користите како основа за пица.