Додека трае сезоната на јагоди, ќе ги ставаме во сѐ

Фото: Арт кујна
70

Омиленото пролетно овошје го сакаме и онака, свежо и слатко, но одлично е и во слатки, па и во солени јадења.

Оваа салата со јагоди, младо кромитче и марула е идеална за летен лесен ручек ако внимавате на вашата тежина, сакате да се храните здраво или само сакате да пробате нова необична комбинација. Иако, ова може да засити навистина само малкумина, а другите можат да си ја јадат како прилог.

Омиленото пролетно овошје е одлично не само во слатки, туку и во солени јадења.

Иако ова може да изгледа како необичен рецепт на прв поглед, сепак е вкусно ако само сакате да пробате.

Значи, измијте ги добро марулата и јагодите, а би било добро и да отстојат еден час во вода.

Потоа, исечкајте ја салатата, додадете младо кромитче и јаготки, зачинете со маслиново масло и оцет и тоа е сѐ.