Дојде студот, заредија славите: Христијанска традиција, леб, вино и пченица

117

И кога се сиромашни и кога се богати и кога имаат и кога немаат, среќни и несреќни, па дури и кога „веруваат“ и кога „не веруваат“, македонските православни семејства слават слави.
Во чест на светецот, кого некој далечен прадедо го прифатил за заштитник на својот дом, во нашите куќи се подготвува горе-долу богата трпеза за домашните и за гостите, а она што е заедничко за сите се: варена пченица, лепче или колач и црвено вино.

Со Петковден – голем христијански празник, кој се празнува на 27 октомври, а особено е славен и почитуван во Македонија, почнаа зимските слави во христијанските семејства.

Имено, во народот Петковден се смета за почеток на зимските празници како што се Митровден, Св. Ѓорѓија, Св.Архангел Михаил, Свети Нектариј Егински и Света Матрона Цариградска, кои се празнуваат денес (22 ноември), Св. Никола и други.

Прославувањето на светецот-заштитник на семејството е верски обичај воспоставен во времето на напуштањето на паганството и поединечните божества што ги имала секоја куќа, a со изборот на светец – заштитник на домаќинството.

Со празнувањето на домашната слава, христијанските семејства го почитуваат не само својот светител и Црквата, туку и своите претци.

И кога се сиромашни и кога се богати и кога имаат и кога немаат, среќни и несреќни, па дури и кога „веруваат“ и кога „не веруваат“, македонските православни семејства слават слави.

Во чест на тој светец, кого некој далечен прадедо го прифатил за заштитник на својот дом, во нашите куќи се подготвува горе-долу богата трпеза за домашните и за гостите, се вари пченица, се пече лепче, кое потоа се носи во црква кадешто свештеникот го сече во форма на крст и го полева со црвено вино, се пали празничната свеќа, се чита молитва и се споменуваат сите блиски и далечни за чие здравје сакате да се помолите.

Славата првпат се споменува во Охрид во 1018 година

Иако датира од крајот на осмиот век, кога започнала христијанизацијата на јужните Словени (како храмска слава на црквата изградена во чест на одреден светител), самиот поим слава за прв пат е забележан во Охрид, во 1018 година.

Кирил и Методиј, 150 години порано, а потоа и нивниот ученик, првиот словенски архиепископ Климент и неговите 26 ученици, при христијанизацијата на паганските племиња, наместо пагански домашни божества, понудиле христијански светци – заштитници на семејствата.

Прославување на светителите
За семејната слава се подготвува она што е потребно за дочек на славата според црковните канони: леб, пченица, малку црвено вино и свеќи.

Сè повеќе од тоа е само прашање на желбите и можностите на домаќинството, а секој се труди да ја одбележи својата слава на најдобар начин, со драги гости и со богата трпеза.

На овој начин, оваа годишна религиозна и семејна прослава станала христијанска и прифатлива за луѓето кои се одвикнувале од почитување на паганското домашно божество.

Избраните светци станале заштитници на нивните домови, семејства, братства и племиња, села, градови и цели региони и верски храмови.

Во времето на христијанизацијата на Словените и другите пагански племиња, списокот на светители не содржел повеќе од стотина имиња како денес, што е причина што ранохристијанските светци се празнуваат во најголем број, па и денес најмногу се слават Свети Никола, Архангел Михаил, Свети Георгиј, Свети Јован Крстител, Света Параскева, Свети Димитрија…

Паралелно со прифаќањето на христијанството и изборот на светец – заштитник на семејството, се забранува многубожечкиот обичај на принесување крвна жртва и се донесуваат нови одредби со цел да се воспостават нови ритуали кои би биле во согласност со христијанството.

Варена пченица, леб, вино и свеќа


Единственото нешто што е заедничко за сите кои ја слават славата е варена пченица, лепче или колач, свеќи и вино.

Се останато – начинот на празнување на славата, гости, подготовка на празничните јадења и нивен избор, сечење на колачот… не се разликува само од крај до крај, туку често и од куќа до куќа.

Изборот на менито е различен и кога се работи за Посна слава. А посните јадења треба да се подготвуваат не само за празничните денови за време на Великиот пост, туку и ако празникот „падне“ во среда или петок.

Славата се пренесува од колено на колено, од татко на син или на немажена ќерка ако нема синови во куќата, славата останала единствената непрекината традиција до денес.
Во градски услови лепчето најчесто се сече во црква. Утрото, на самиот ден на прославата, домаќинот оди рано во црква, каде што свештеникот го пресекува лебот и го полева со малку црно вино.