Докторка онколог предупредува на пет работи што можат да бидат погубни

Фото: Pixabay
90

Уште во 2015 година, Светската здравствена организација ги класифицираше сувомеснатите производи како канцерогени, нагласувајќи дека постојат јасни докази што ја поврзуваат нивната консумација со зголемен ризик од рак на дебелото црево.

Онкологот од Вашингтон, Никол Ендрус, предупредила за пет намирници и пијалаци што не ги препорачува во секојдневната исхрана, нагласувајќи дека долгорочните навики во исхраната можат да имаат големо влијание врз ризикот од развој на рак, дијабетес и срцеви заболувања.

На врвот на листата е алкохолот. Според неа, телото не го „вари“ алкохолот како класична храна, туку го разградува во хемиско соединение кое може да ја оштети ДНК-та и да ги попречи природните процеси на обновување на клетките. Токму затоа таа верува дека целосното избегнување на алкохолот е еден од најефикасните чекори за зачувување на долгорочното здравје.

Таа, исто така, особено предупредува за преработените месни производи како што се салами, кренвишли и разни сувомеснати деликатеси. Уште во 2015 година, Светската здравствена организација ги класифицираше како канцерогени, нагласувајќи дека постојат јасни докази што ја поврзуваат нивната консумација со зголемен ризик од рак на дебелото црево. Проблемот лежи во соединенијата што се формираат за време на преработката на месото, кои можат да ги оштетат клетките во телото.

На листата се наоѓаат и газираните пијалаци, првенствено поради нивната висока содржина на шеќер, што придонесува за зголемување на телесната тежина и метаболички нарушувања. Сепак, диеталните верзии не се идеална алтернатива, бидејќи тие често содржат вештачки засладувачи кои се поврзани со разни здравствени ризици, вклучително и срцеви заболувања.

Кога станува збор за кафето, таа нагласува дека самиот напиток може да има одредени здравствени придобивки, како што е намален ризик од некои хронични заболувања. Сепак, проблемот се јавува кај популарните засладени напитоци кои содржат големи количини шеќер, сирупи и адитиви, претворајќи го кафето во висококалоричен десерт без хранлива вредност.

На крајот од списокот се нашле и млеката на растителна основа. Иако се сè попопуларни, таа предупредува дека тие често содржат помалку протеини и хранливи материи од класичните млечни производи. Млекото и млечните производи, како што се јогуртот и сирењето, содржат соединенија кои можат да го стимулираат имунолошкиот систем и да му помогнат на телото да се бори против болести.

Докторката нагласува дека ниедна храна сама по себе не предизвикува болести, но комбинацијата од лоши навики во исхраната со текот на годините може значително да ги зголеми здравствените ризици. Затоа препорачува балансирана исхрана, умереност и информиран избор кога станува збор за секојдневната исхрана.