Долго ја сметале за храна за сиромашни: ‘Ржта е шампион за подобро варење, притисок, а и како кафе

Фото: Freepik
527

‘Ржта е храна со значителни хранливи материи. Зрната на ‘ржта имаат специфичен вкус, горчливи се и малку кисели, а добри се во комбинација со просо.

‘Ржта се одгледува како житарка за исхрана на луѓето и домашните животни, а припаѓа на поширокото семејство пченични растенија и е во најблиско сродство со јачменот и пченицата.

Добиените зрна ‘рж се користат за правење на леб, пиво, фуражни култури, па дури и за производство на виски и вотка.

Содржи јаглехидрати, протеини, минерали железо, калциум и фосфор и витамини Е и Б групи. Богат е со влакна и лизин, есенцијална аминокиселина која ја нема во другите житарки.

Во историјата се метала за сиромашна храна поради неколку причини.

Имено, бидејќи оваа житарка добро се адаптирала на суровите климатски услови, за разлика од пченицата, можела да расте во сиромашни, ладни и неплодни почви.

Затоа често растела во сиромашните области и била основна храна на многумина.

Во многу европски општества, белиот пченичен леб бил симбол на богатство и висок социјален статус, додека ‘ржаниот леб бил поврзуван со посиромашните класи.

Иако ‘ржта има многу хранливи придобивки, таа не била толку ценета како пченицата.

Ржаниот леб е потемен, позбиен и често има потежок вкус, што дополнително допринело да се перцепира како храна за сиромашните.

Меѓутоа, со текот на времето се покажало дека има многу заблуди за оваа храна и дека всушност е многу вреден помошник во здравјето.

Здравствени придобивки

Познато е дека ‘ржта го чисти телото, има енергетски својства, оживува и спречува склероза.

Тоа што е богата со растителни влакна, особено нерастворливи, приближно 15 грама диетални влакна на 100 грама производ, ја прави корисна за здравјето на дигестивниот систем и чувството на ситост.

Луѓето кои не вежбаат редовно и кои имаат висок крвен притисок исто така можат да имаат корист од оваа житарка.

Имено, ржта ја поттикнува циркулацијата и го забавува процесот на стареење на крвните садови, а оваа способност важи и за здравјето на црниот дроб.

Комбинацијата на фосфор и протеини во ‘ржта го прави ова зрно хранливо вредно, особено за поддршка на коските, мускулите и општото здравје.

Фосфорот го одржува балансот на киселоста во телото.

Во соработка со калциумот учествува во создавањето и одржувањето на структурата на коските, што придонесува за здравјето на коските и забите.

Исто така, овој есенцијален минерал учествува во создавањето на молекулата АТП (аденозин трифосфат), која е примарен извор на енергија за клетките, а покрај другите бројни функции, потребен е и за раст и поправка на клетките и ткивата во телото.

Исто така е од суштинско значење за синтезата на ДНК.

Сепак, се препорачува да се контролира внесот на ‘рж за луѓе со бубрежни заболувања и за оние чие тело има тенденција да задржува течност.

Употреба

Иако би било добро оваа житарка да се користи во оригинална форма, сепак почесто ја гледаме во форма на брашно, што може да доведе до губење на одредени хранливи својства.

Зрната на ‘ржта имаат специфичен вкус, горчливо и малку кисело, па оние кои не го сакаат можат да го избалансираат мешајќи го со други зрна како просо или ориз.

Со готвењето, ‘ржта сепак задржува одредена цврстина, што дополнително го поттикнува џвакањето.

Помалку е познато дека печените и мелените зрна можат да го заменат кафето.

Исто така, ‘ржаните снегулки се добра опција во подготовката на појадокот, а може да се користат и како додаток на супи.

Каша од ‘рж

Како и со другите житарки, ‘ржта треба да се натопи во вода до неколку часа пред употреба.

Можете да ја менувате водата додека не стане целосно бистра.

Кога готвите, додадете три пати повеќе вода од количината на ‘рж.

Гответе околу половина час до 45 минути или додека зрната не ја впијат водата.

За каша од ‘рж ви треба:

100 гр ‘рж
1 литар вода
200 гр бобинки (малини, капини, боровинки…)
сок од половина лимон
сол
две лажици мед
ореви или други јаткасти плодови по желба

Подготовка:

  1. Гответе ја ‘ржта во солена вода на умерен оган. Оставете да се излади.
  2. Во ‘ржта додадете бобинки, прелијте ги со сок од лимон и мед.
  3. Во оваа каша по желба можете да додадете неколку ореви или други јаткасти плодови, а можете да ја зачините и со цимет.