Домаќинска пита: Екстра брза и лесна дури и за неискусните домаќинки
Нашата читателка Ивона ни испрати рецепт за пита која изгледа како да е сукана, а всушност е направена брзо и лесно – од готови кори, со богат фил и уште побогат прелив.
Нашата читателка Ивона Прокиќ, инаку, вработена и мајка на две мали деца од 2 и 4 години, наоѓа време за да направи и вистинска домаќинска пита.
Барем изгледа така, иако според рецептот, не е сукана туку се прави со готови кори.
Ете, токму тоа е и најдоброто. Нема да изгубите цел ден во месење и сукање тенки кори, а сепак ќе имате на трпезата прекрасна, вкусна и крцкава пита.
Овој рецепт е со мелено месо и кромид, но секако филот може да е и од нешто друго, по ваш вкус.
И за да биде уште повкусна и побогата, домаќинката ја прелила со матени јајца, кајмак и павлака.
Состојки:
Готови кори
мелено месо
кромид
сол и црн пипер
За преливот:
4 јајца
200 г кајмак
1 мала павлака
Приготвување:
Се пржат кромидот и месото и се зачинуваат.
Земајте по две кори, филувајте ги и завиткајте ги како ролат.
Редете ги во круг, почнувајќи од работ на тепсијата кон центарот, сѐ додека не го потрошите целиот фил.
Прелијте ја питата со смеса од разматени јајца, павлака и кајмак.
Печете во загреана рерна на 180 степени околу половина час.