Најдовме оригинален рецепт за супер вкусен леб кој на сите ќе им се допадне.
Рецептот е од каналот Einfache Rezepte
Ова е неверојатно едноставен рецепт за посебно гурманско искуство. Рецептот го најдовме на каналот Einfache Rezepte.
Состојки:
450 грама брашно
20 грама свеж квасец
2 лажици брашно
1/2 лажичка шеќер
1 лажичка сол
250 мл вода
100 мл маслиново масло
2 чешниња лук
босилек
магдонос
црни маслинки
моцарела
Подготовка:
Во 250 мл вода растворете 20 грама свеж квасец, 2 лажици брашно и 1/2 лажичка шеќер и оставете го покриено да нарасне околу 10 минути.
Измешајте го квасецот со 450 грама брашно и една лажичка сол и замесете тесто.
Обликувајте топка и оставете ја покриена да нарасне 30 минути.
Кога тестото ќе нарасне, префрлете го на набрашнета површина и расукајте го во круг.
Расуканото тесто ставете го на плех покриен со хартија за печење.
Со нож направете паралелни хоризонтални и вертикални резови.
Во сад измешајте 100 мл маслиново масло, 2 мелени чешниња лук, сечканиот босилек и магдоносот и рамномерно прелијте го тестото.
Одозгора наредете исечени црни маслинки и моцарела.
Се пече во рерна 20 минути на 180 C.