Домашен природен антиоксидант: Направете го сами лесно и брзо
Рецептот е наменет за подготовка дома, а со комбинирање на овие состојки ќе добиете смеса која за само 2 недели ќе ви ги подобри крвните зрнца, драстично ќе ви го зголеми железото во крвта и ќе ви ја врати свежината. Одличен антиоксидант и имунолошки стимуланс.
Ги знаеме придобивките од билките и свесни сме за нивните лековити својства. Различни растенија влијаат на различни ситуации и на различни тегоби, а кога ќе ги искомбинираме понекогаш добиваме неверојатна лековита бомба… Еве еден интересен рецепт за подготовка на домашен природен антиоксидант.
Рецептот е наменет за подготовка дома, а со комбинирање на овие состојки ќе добиете смеса која за само 2 недели ќе ви ги подобри крвните зрнца, драстично ќе ви го зголеми железото во крвта и ќе ви ја врати свежината. Одличен антиоксидант и имунолошки стимуланс.
Треба да се нагласи дека основата секогаш треба да биде урамнотежена исхрана, но и одредени додатоци во исхраната можат позитивно да влијаат на здравјето.
Потребни состојки:
200 гр мед
250 гр семки од коприва
250 гр таан (паста од сусам)
150 гр лимон (еден поголем лимон)
Приготвување и консумирање:
Сите состојки измешани заедно прават многу добар антиоксидант. Оставете ја смесата да отстои 24 часа, па почнете да ја консумирате секое утро на празен стомак. Пожелно е да се зема со дрвена или пластична лажица.
Најсилниот антиоксидант
Најлесно ни е преку храната да консумираме антиоксиданти во нивната природна форма. Ова е список на најмоќните антиоксиданти и нивните извори.
Бета-каротин
Ова е есенцијален витамин кој го одржува здравјето на очите. Морковите се богати со антиоксидантот бета-каротен, кој нашето тело го претвора во витамин А.
Витамин Е
Го запира производството на оксидативен стрес кој ги оштетува клетките во телото, што може да доведе до хронични заболувања. Витаминот Е исто така може да го зајакне вашиот имунолошки систем. Растителните масла – од сончоглед и семки – се најдобар извор на овој витамин, како и бадемите и авокадото.
Витамин Ц
Витаминот Ц не само што помага во зајакнување на имунолошкиот систем, туку може и да ги неутрализира молекулите на слободните радикали, заштитувајќи го телото од оксидативно оштетување. Го има во повеќето овошја и зеленчук, но и какаото е многу моќен извор на витамин Ц.
Кверцетин
Кверцетинот е извор на еден од најзастапените флавоноиди во исхраната. Кверцетинот е поврзан со подобрување на перформансите на вежбање, намалување на воспалението и регулирање на крвниот притисок.
Селен
Тој игра важна улога во функцијата на имунолошкиот систем, синтезата на ДНК, метаболизмот, здравјето на тироидната жлезда. Бразилските ореви се најдобриот извор на овој антиоксидант. Еден бразилски орев може да ви го обезбеди целиот селен што ви е потребен за тој ден.
Лутеин
Може да ја заштити вашата кожа од оштетување на сонцето и да го подобрите видот. Најдобри извори на лутеин се спанаќот, кивито, грозјето, тиквичките.
Куркумин
Куркуминот е многу моќен антиинфламаторен лек, кој може да помогне во лекувањето на хронични болести како што е воспалителната болест на цревата.