Домашна коцка за супа: Најлесен начин да ја направите без трошка хемија (ВИДЕО)

Фото: Јутјуб
358

Наместо да купувате коцки за супа полни со адитиви и конзерванси, научете како сами да ги направите без трошка хемија

Наместо да купувате, направете сами домашни коцки за супа кои многу го олеснуваат подготвувањето на домашни супи, чорби, но и бујони. Сѐ што треба да направите е да го исечкате зеленчукот, кратко да го сварите и потоа да го изблендирате и да го замрзнете.

Домашните коцки се многу практични, но и многу поздрави од оние во продавница, се мешаат со топла вода и на тој начин се создава течност која може да го разубави секое јадење, а месото секако ќе го направи посочно. Додадете други состојки по желба и супата е брзо готова.

Состојки:
3 моркови
1 праз
2 пашканати
2 корени магдонос
1 кромид
2 чешниња лук
1/2 келераба
1/2 целер
лисја од целер
1 лажичка куркума
1 китка магдонос
масло
80 гр сол

Приготвување:

Излупете го и ситно исечкајте го морковот, па ставете го во сад. Се додаваат сечканиот праз, излупениот и сечкан пашканат, излупениот и сечкан корен од магдонос, сечканиот кромид и лукот, излупената и сечкана келераба, излупениот и сечкан целер и сечканите листови целер. Истурете го маслото во длабока тава, а кога ќе се загрее додадете сечкан зеленчук и сол, па поросете куркума. Гответе додека зеленчукот не го ослободи својот сок, а потоа покријте и варете уште 8 минути. Префрлете го зеленчукот во блендер и добро изблендирајте го. Добиената смеса истурете ја во плех обложен со хартија за печење и убаво израмнете го. Потоа се покрива со проѕирна фолија и се става во замрзнувач преку ноќ. Наутро се сече на коцки и се завиткува секоја коцка одделно во проѕирна фолија и се чува во замрзнувач до употреба.