ДОМАШНА НУТЕЛА: Два рецепти за вашиот омилен намаз – од наут и од лешник

Фото: Freepik
203

Љубители на слатки, ќе ви се допадне овој намаз кој се подготвува за само неколку минути. Кремастиот деликатес е идеален и за вегани.

За сите љубители на чоколадото најдовме два рецепти за правење домашна Нутела.

Сѐ што ви треба се неколку состојки, блендер и 5 минути од вашето време.

Оваа домашна Нутела може да се сервира ладна или како топол деликатес.

Домашна Нутела од наут
Состојки:
1 конзерва (1/2 чаша) наут, исцеден
1/2 шолјичка млеко од растително потекло
1 шолјичка чоколадни чипсови
5 урми
1 лажица јаворов сируп
1 лажичка кокосово масло
1 лажичка екстракт од ванила
1/4 лажичка морска сол

Приготвување:
Измешајте ги сите состојки додека намазот не стане кремаст.

Пробајте да видите дали е доволно слатко.

Додадете уште млеко ако намазот е премногу густ.

Префрлете ја смесата во тегла и оставете ја во фрижидер да се стегне.

Домашна Нутела од лешник
Состојки:
2 шолјички лешници (печени и несолени)
1/2 шолјичка какао во прав
1/3 шолјичка јаворов сируп
5 урми
3/4 шолјичка вода
1/4 лажичка морска сол
1 лажичка кокосово масло
1 лажичка екстракт од ванила

Приготвување:
Ставете ги лешниците во блендер и блендирајте додека смесата не се изедначи како путер.

Потоа додадете ги останатите состојки и мешајте додека намазот не стане кремаст.

Доколку е потребно, можете да засладите повеќе или да додадете вода ако намазот е премногу густ.

Чувајте во тегла во фрижидер, две до три недели.