Здравствените експерти долго време предупредуваат дека е важно да се мијат бананите пред да се јадат. Можеби изгледа чудно да се мие нешто што ќе го излупите и фрлите, но откако ќе го прочитате ова, можеби ќе се предомислите.
Веројатно не би каснале јаболко или не би ставиле неколку зрна грозје во уста без претходно да ги измиете. Ја јадете лушпата на овошјето, а којзнае што се крие таму.
Но, што е со бананите и авокадото – овошје со дебела лушпа што се лупи пред јадење? Експертите за безбедност на храната велат дека треба да ги миете и нив.
Здравствените експерти долго време предупредуваат дека е важно да се мијат бананите пред да се јадат. Можеби изгледа чудно да се мие нешто што ќе го излупите и фрлите, но откако ќе го прочитате ова, можеби ќе се предомислите.
„Производите што имаат кора треба да ги миете со чиста проточна вода, дури и ако планирате да ги фрлите лушпите“, изјавила за HuffPost експертката Тамика Симс од Меѓународниот совет за информации за храна.
„Ова е најдобра практика во безбедното ракување со храна за да се минимизира преносот на нечистотија или микроби што може да се наоѓаат на кората на овошјето, во внатрешноста што планирате да ја консумирате.“
Иако нечистотијата може да биде видлива на кората, заостанатите пестициди или микроби како салмонела или кампилобактер што можат да предизвикаат болести што се пренесуваат преку храна не се нужно видливи. Симс велие дека треба да ги миете сите производи пред да ги јадете – дури и органските сорти и работите што ги лупите.
„Дури и ако ви се чини контраинтуитивно, прво треба да ги измиете“, вели таа.
Иако не ја јадете кората, нејзиното миење ќе ја отстрани секоја нечистотија, бактерии и можни пестициди од површината, спречувајќи ги да се пренесат на вашите раце и на крајот на вашата уста.
Зошто е ова важно?
Неизмиеното овошје може да доведе до болести предизвикани од бактерии како салмонела, E. coli и листерија, како и пестициди и други загадувачи. Кората може да содржи и нечистотија, почва, па дури и инсекти.
Меѓу луѓето со поголем ризик се:
- Деца под 5 години
- Лица над 65 години
- Бремени жени
- Лица со ослабен имунолошки систем
Според порталот Healthline, типичните берби на банани често вклучуваат употреба на пестициди. Овие пестициди можат да го зголемат ризикот од состојби како аутизам, рак, висок крвен притисок, дијабетес и деменција.
Како правилно да се измие банана?
Нема посебна наука: држете ја бананата под ладна вода околу 30 секунди додека ги користите рацете за да ја отстраните нечистотијата. Не користете сапуни или детергенти.
Доколку сакате дополнително да го дезинфицирате овошјето, можете да користите раствор од оцет и вода (во сооднос 1:4). Ова дополнително ќе ги отстрани бактериите, а растворот нема да остави непријатен вкус.
За овошје со подебела и погруба кора (како авокадо), се препорачува употреба на четка. По миењето, избришете ја бананата со чиста кујнска крпа.