Дијабетесот е меѓу 10-те најголеми причини за инвалидитет. Тоа е тивка болест, која не мора да се манифестира со симптоми.
Шеќерот во крвта и неговите вредности даваат добар увид во вашата здравствена состојба. Нормалните вредности на шеќер во крвта на гладно се од 3,9 до 6,1 mmol/l.
Нормално е овие вредности да варираат во текот на денот и кај здрави индивидуи и кај пациенти со дијабетес.
Меѓутоа, ако овие нивоа на шеќер во крвта се постојано покачени, можно е да имате дијабетес, кој се дијагностицира кога шеќерот во крвта е повисок од 7 mmol/l.
Редовната физичка активност, добрата контрола на стресот и соодветната исхрана се начини да се спречи развој на дијабетес.
Полека го зголемуваат шеќерот во крвта и обезбедуваат енергија
Зелката и брокулата се релативно евтина храна и лесни за подготовка. Тие се вредни бидејќи полека го зголемуваат нивото на шеќер во крвта. На тој начин ни обезбедуваат повеќе енергија и го штитат организмот од нагли скокови на нивото на шеќер. Затоа, некои лекари препорачуваат зелката, на пример, да биде вклучена во менито речиси секој ден за луѓето со висок шеќер во крвта. Се верува дека брокулата и зелката се намирници што можат да го спречат развојот на дијабетес тип 2.
Како да избегнеме дијабетес?
Дијабетесот е меѓу 10-те најголеми причини за инвалидитет. Тоа е тивка болест, која може да не манифестира симптоми долги години. Доколку болеста не се открие навреме и не се лекува, може да доведе до кардиоваскуларни заболувања, во најтешките случаи, мозочен или срцев удар и оштетување на очите и бубрезите.
Вредностите на шеќер над 6,1 mmol/l укажуваат на покачена гликоза во крвта.
На дијабетесот му претходи предијабетесот, кој е реверзибилна состојба, што значи дека пациентот со преддијабетес не мора да развие дијабетес ако следи здрави животни навики. За овие пациенти, зеленчукот како зелката и брокулата може да биде многу корисен и да го спречи почетокот на болеста.
Антиоксидант кој се наоѓа во зелен лиснат зеленчук
Студијата, објавена во списанието Nature Microbiology, опфатила 74 луѓе на возраст меѓу 35 и 75 години. Сите испитаници биле дебели, имале преддијабетес и покачен шеќер во крвта. Во текот на 12 недели, едната група примала сулфорафан, а другата плацебо.
Сулфорафан е антиоксидант кој се наоѓа во зелениот лиснат зеленчук. Истражувањата покажуваат дека ова соединение го спречува воспалението и ги штити клетките. Се смета за вредна алатка за превенција од дијабетес, кардиоваскуларни заболувања и некои форми на тумори. Групата испитаници кои земале сулфорафан имале значително намалување на нивото на шеќер во крвта, според тимот на научници од Универзитетот во Гетеборг во Шведска.
Сепак, најголемата придобивка од употребата на сулфорафан е забележана кај луѓе со малку помал индекс на телесна маса, блага отпорност на инсулин и многу благи симптоми на дијабетес. Истражувањето потврдува и дека лекувањето на преддијабетес бара персонализиран пристап, прилагоден на индивидуалните потреби на секој пациент.
Замор, зголемена жед
Лекарите забележуваат дека голем проблем е фактот што до 80 отсто од луѓето со преддијабетес ќе развијат дијабетес. Отежнувачка околност е фактот што преддијабетесот често останува недијагностициран и нетретиран долго време.
Преддијабетесот обично нема јасни симптоми, пациентите се жалат на замор, зголемена жед и често мокрење. Може да се појават заматен вид, побавно зараснување на раните по повредите и темни дамки на кожата. Се препорачува доколку имаме некој од овие симптоми, задолжително да одиме на лекар.
Го зајакнува имунитетот, го спречува воспалението
Една порција брокула има само 25 калории, помалку од 5 грама јаглени хидрати и нула масти. Брокулата е богата со витамин К, кој е важен за згрутчување на крвта и здрави коски. Таа содржи и витамини од групата Б, особено Б3, Б5 и фолна киселина. Богата е со калиум кој го регулира високиот крвен притисок и содржи фосфор, железо и хром. Се верува дека сите овие својства ги спречуваат воспалителните процеси во телото.
Брокулата е одличен зеленчук за зајакнување на имунитетот, го намалува ризикот од дијабетес тип 2 Брокулата е зеленчук богат со растителни влакна, кој гарантира ситост по оброкот и ја забавува апсорпцијата на јаглехидратите, со што се спречува нагло скокање на шеќерот во крвта.
Оброците не треба да бидат премногу големи
Салатата од свежа зелка е одличен избор за креирање мени за слабеење поради нејзиниот нутритивен состав, ниската калорична содржина и чувството на ситост. Со добро избалансирано мени и физичка активност дава одлични резултати според експертите.
Зелка, прокељ, кељ, зелена салата и карфиол се намирници богати со влакна и нискокалорични. Тие нема да предизвикаат ненадеен скок на шеќерот во крвта, поради што се препорачуваат за луѓе со малку повисоко ниво на шеќер во крвта. Важно е секогаш да внимавате оброците да бидат добро избалансирани и да не се премногу големи.