Една недела само на пуканки: Неверојатно е што можат да му направат на човечкиот организам

Фото: Unsplash
513

Пуканките нудат голем број на придобивки за телото. Покрај тоа што се исклучително богати со влакна кои го поддржуваат варењето, тие содржат и антиоксиданти кои се корисни за здравјето на срцето и мозокот и ги намалуваат воспалителните процеси.

Додека многумина од нас ги доживуваат пуканките само како брза закуска, една новинарка од порталот „The Healthy“ решила подлабоко да истражи и цела недела секојдневно да консумира само пуканки, а потоа да сподели како ова искуство влијаело на нејзиниот организам.

Она што произлезе од нејзиниот експеримент е дека пуканките можат да бидат повеќе од обична закуска. Наместо да се сведуваат само на ужинка, односно, на нешто што најчесто се јаде помеѓу оброците, пуканките може паметно да се вклучат во секојдневната исхрана. Се препорачува да се консумира помала порција свежи пуканки подготвени со здрави масла, како масло од авокадо и со додавање на протеини, како сирење. Оваа комбинација на протеини, масти и влакна има потенцијал да поттикне ситост и да поддржи подобар избор на храна.

Голем број на придобивки за телото
Една од клучните точки што ги издвоила новинарката е опкружувањето во кое јадеме пуканки. Иако често се препорачува да избегнувате јадење пред телевизор, пуканките се исклучок, бидејќи придонесуваат за порелаксирачко искуство додека гледате филмови. Сепак, за да се постигне рамнотежа, се препорачува да се јаде овошје пред пуканките за да се поттикне чувството на ситост.

Пуканките нудат голем број на придобивки за телото. Покрај тоа што се исклучително богати со влакна кои го поддржуваат варењето, тие содржат и антиоксиданти кои се корисни за здравјето на срцето и мозокот и ги намалуваат воспалителните процеси. Авторот на статијата истакнува дека таа лично забележала подобрување во варењето и намалување на непријатноста во зглобовите за време на нејзиниот експеримент со консумирање пуканки.

Сепак, треба да бидете внимателни
Постојаното присуство на пуканки во исхраната може позитивно да влијае и на контролата на нивото на шеќер во крвта, обезбедувајќи истовремено чувство на ситост. Авторката на статијата забележува дека пуканките ја задоволувале нејзината потреба за крцкави закуски, кои се често барани во желбата за храна.

И покрај овие придобивки, важно е да се запамети дека пуканките не треба да ги заменат основните хранливи материи во исхраната, туку треба мудро да бидат вклучени како додаток на урамнотежена исхрана. Нагласена е и важноста на подготовка на пуканки. Препорачливо е да се избегнуваат индустриски пуканки во микробранова печка, кои може да содржат несакани адитиви, и наместо тоа поттикнува да ги правите дома со квалитетни состојки како што се здрави масла и природни ароми.