Едноставни медени колачи: 3 рецепти за најпопуларните колачиња

Фото: Unsplash
426

Медените колачиња се број еден на празничната трпеза. Неодоливиот мирис, вкус, но и изгледот придонесуваат за празничната атмосфера, а особено се вкусни со шолја топол чај, кафе или какао. Овојпат имаме и една поздрава верзија за истите

Медените колачи содржат едноставни состојки кои најчесто ги имаме дома. Можат да се направат со помош на модли со различни форми, но и со помош на обична чаша. Можат да се декорираат по желба со шарени трошки, чоколадо или пак со кралска глазура.

Доколку ве интересира како да направите новогодишни медени колачи, во продолжение се нашите едноставни рецепти.

Рецепт од третратката на мама/баба

Овие старомодни медени колачиња содржат брашно, шеќер и мед како основа, додека мешавината од зачини им го дава тој посебен печат поради кој ги нарекуваме „медено колачи“.

Иако можете да користите одделни топли зачини, готовите мешавини за зачини веќе ги имаат поединечните зачини во правилни пропорции.

Обидете се да го замените обичниот шеќер со кокосов, што ќе им даде уште подобра текстура.

Состојки:

350 гр брашно
150 гр мед
150 гр шеќер или кокосов шеќер
половина кесичка прашок за пециво
2 јајца
150 гр путер или кокосово масло
2 лажички микс зачини за медени колачи
прстофат сода бикарбона.

Подготовка:
Измешајте ги брашното, прашокот за пециво и путерот.
Потоа додадете шеќер, јајца, зачини и другите состојки и направете го тестото.
Оставете го да отстои околу два часа на ладно место.
Обликувајте го тестото во топчиња или развлечете го тестото и вадете форми со помош на модли за колачи.
Печете ги на 200 °C околу 10 минути.

Медени колачи со мерка на шолји
Овие едноставнимедени колачи содржат малку ванила или екстракт од ванила.

Состојки за тестото:
2 шолји обично брашно
3 шолји спелтино брашно
1 шолји омекнат путер
1 шолји кафеав шеќер
1 јајце
1 шолји меласа
1 лажичка јаболков оцет
2 лажички екстракт од ванила
1 лажичка сода бикарбона
половина лажичка сол.
Зачини:
1 лажичка цимет
1 лажичка ѓумбир
половина лажичка пимент
половина лажичка каранфилче
1/4 лажичка морско оревче.

Подготовка:
Во еден сад измешајте ги шеќерот и путерот додека не се соединат.
Додадете ги меласата, јајцето, екстрактот од ванила и оцетот и мешајте додека смесата не се соедини.
Измешајте ги зачините во мала чинија.
Измешајте ги сите состојки и оставете го тестото да се излади, по можност преку ноќ.
Загрејте ја рерната на 175 °C.
Тестото поделете го на два дела, а потоа едната половина развлечете ја на набрашнета површина.
Исечете го на саканите форми со помош на модли.
Наредете ги на плех обложен со хартија за печење.
Печете 8-10 минути.
Оставете да се изладат пред да ги декорирате.

Едноставни медени колачи во поздрава варијанта
Направете колачи во поздрава верзија во форма на колачиња од овесни снегулки.

Ова е рецепт за оние кои сакаат похранливи медени колачи.

Состојки:
100 гр овесни снегулки
90 гр спелтино брашно
половина лажичка прашок за пециво
1 лажичка ѓумбир
1/4 лажичка цејлонски цимет
1/8 лажичка морско оревче
1/8 лажичка мелено каранфилче
1/4 лажичка сол
2 лажички стопен путер или кокосово масло
1 јајце (собна температура)
1 лажичка екстракт од ванила
1/4 чаша јаворов сируп
1/4 чаша меласа.

Подготовка:
Измешајте ги овесните снегулки, брашното, прашокот за пециво, зачините и солта.
Во друг сад изматете ги јајцето, маслото или путерот и екстрактот од ванила додека не станат пенливи. Додадете јаворов сируп и мед.
Соединете ги овие две смеси и оставете го тестото да се олади околу 30 минути.
Загрејте ја рерната на 250 °C и обложете ја тепсијата со хартија за печење.
Обликувајте медени колачи, ставете ги на плехот и печете околу 10 минути.