Еспресо, турско, филтер? Во зависност од начинот на подготовка, кафето значително го зголемува холестеролот

Фото: Pexels
157

Новото шведско истражување ја откри врската помеѓу начинот на кој се подготвува кафето и зголеменото ниво на холестерол. Кафето филтрирано низ хартиен филтер се покажало како најздрава опција, со само 11,5 mg/L кафестол и 8,2 mg/L кахвеол.

Луѓето кои пијат кафе го прават тоа секој ден, а сè што повторуваме од ден на ден го обликува нашиот живот и влијае на нашето здравје. Затоа е важно да се избере најздравата опција, во случајов кафе.

Новото шведско истражување ја откри врската помеѓу начинот на кој се подготвува кафето и зголеменото ниво на холестерол.

Во заедничката студија спроведена од научници од Универзитетот Упсала (Uppsala) и Универзитетот за технологија Чалмерс (Chalmers), беше откриено дека вообичаените апарати, кои најчесто се користат во канцелариите, произведуваат кафе со значително повисоки нивоа на соединенија кои го зголемуваат холестеролот.

„Со оглед на тоа колку кафе се конзумира на работните места во Шведска, сакавме да добиеме увид во содржината на супстанциите во кафето од овие типови машини што го зголемуваат холестеролот. Проучивме четиринаесет апарати за кафе и видовме дека нивоата на овие супстанции беа многу повисоки во кафето од канцелариските апарати отколку кај апаратите за филтер кафе“, вели Дејвид Игман, истражувач од Универзитетот Упсала.

„Од ова заклучуваме дека процесот на филтрирање е клучен за намалување на нивото на супстанции кои го зголемуваат холестеролот. Очигледно, не сите апарати за кафе успеваат да ги филтрираат“, додава тој.

Познато е дека турското кафе содржи високи нивоа на дитерпен кафестол и кахвеол. Најновите нордиски упатства за исхрана препорачуваат ограничување на потрошувачката на кафе приготвено на овој начин.

Наспроти тоа, апаратите за кафе кои користат хартиени филтри се многу ефикасни во отстранувањето на овие супстанции.

Доколку сепак сакате да уживате во турското кафе без страв од холестерол, доволно е да го процедите низ хартиен филтер пред да го консумирате.

Во студијата, научниците проучувале четиринаесет апарати за кафе во просториите за одмор на различни работни места. Тие користеле пет видови мелено кафе кои најчесто се консумираат во Шведска. Од секој апарат се земале по два примероци на секои две до три недели. Сортите на кафе вклучуваат средно печени и темно печени пет вообичаени видови мелено кафе.

Се покажало дека има голема разлика во концентрацијата на кафестол и кахвеол, во зависност од тоа како се вари кафето. Споменатите соединенија го подигаат нивото на холестерол во крвта.

Најчестиот тип на кафемат е оној кој произведува кафе со највисоки концентрации на дитерпени. Во компаративните анализи, истражувачите тестирале кафе мока, еспресо, француско кафе, турско кафе и турско кафе филтрирано преку филтер од ткаенина. Турското кафе содржело најмногу дитерпени по шолјичка.

Тимот открил дека рачните методи на варење кафе генерално резултираат со пониски нивоа на дитерпени во споредба со машинското кафе, без разлика дали станува збор за апарат за варење кафе, апарат со течен модел или традиционален апарат за еспресо.

На прв поглед, еспресото изгледало како најлошо, со просечно ниво на кафестол од околу 1060 mg/L. Сепак, имало само четири анализирани примероци и нивните нивоа варирале во голема мера, од 35,6 до неверојатни 2446,7 mg/L.

Кафето од апарат имало средна концентрација на кафестол од 174 милиграми на литар и 135 mg/L кахвеол. Француските преси произведувале кафе со умерени нивоа на дитерпени, под 90 mg/L за кафестол и под 70 mg/L за кахвеол, слично како и моката.

Исклучок било вареното кафе, типично нефилтриран метод вообичаен во земји како Шведска. Верзија на кафето кај нас познато како турско кафе. Содржело неверојатни 940 mg/L кафестол и речиси 680 mg/L кахвеол.

Кафе со филтер – најздравата опција
Кафето филтрирано низ хартиен филтер се покажало како најздрава опција, со само 11,5 mg/L кафестол и 8,2 mg/L кахвеол.

„Повеќето примероци на кафе содржеле нивоа што може да влијаат на нивото на ЛДЛ холестерол кај оние кои пијат кафе, како и на нивниот иден ризик од кардиоваскуларни болести. За луѓето кои пијат многу кафе секој ден, филтер кафето е очигледно подобар избор.

Студијата е објавена во списанието Nutrition, Metabolism & Cardiovascular Diseases.