Финска продавница воведува скенер за авокадо

Фото: Pexels
176

Ако сте уморни од постојано стискање на авокадо во продавниците со надеж дека ќе го изберете совршеното, се чини дека Финска го има решението. Уред кој точно ја одредува зрелоста на авокадото стана интернет сензација откако се појави во видео на Тик-Ток

Креаторката на содржини Promise (@caydusmusic), која го документира својот живот во Финска, објави неодамна видео кое брзо стана вирално.

Во видеото таа прикажува уред кој користи инфрацрвена технологија за да ја анализира внатрешноста на авокадото без да го сече и им кажува на клиентите дали е веднаш подготвено за јадење или треба да почекаат.

Значи, ако сте уморни од постојано стискање на авокадо во продавниците со надеж дека ќе го изберете совршеното, се чини дека Финска го има решението.

Во видеото, Promise држи авокадо до скенерот, а резултатот се појавува на екранот. Нејзиниот партнер Јука преведува: „Почекајте два дена“. Потоа тестираат уште едно, за кое уредот пишува: „Јадете го денес“.

Коментарите под видеото се полни со ентузијазам, особено од Соединетите Американски Држави.

– Би ја продал душата за овој уред – пишува еден корисник, додека друг додава: „Дали конечно ќе имаме ултразвук за авокадо во 2025 година?“

Иако некои фински корисници коментираат дека никогаш не виделе ваков скенер, други потврдија дека уредите можат да се најдат и во Чиле, Естонија и Шведска. Брзо пребарување открива дека скенерите се користат и во Дубаи, а британските медиуми објавуваат дека тие моментално се тестираат во пет супермаркети на Tesco во Англија, пишува Daily Dot.

Холандската компанија One Third стои зад технологијата и објаснува дека инфрацрвените скенери им помагаат на клиентите да ги изберат авокадата што им се потребни, со што се намалува оштетувањето и отпадот.

– Со тоа што им помага на клиентите да ги изберат токму авокадата што им се потребни, помалку од нив завршуваат оштетени, фрлени или разочарувачки кога ќе ги исечете – објасни новинар од британскиот портал Bulletin.
Супермаркетот K-Citymarket во финскиот град Вантаа, каде што скенерот бил инсталиран во јуни 2024 година, тврди дека резултатите се одлични.

– Забележуваме зголемување на продажбата на авокадо и намалување на отпадот. Скенерот веќе се исплати и ќе продолжи да го подобрува искуството на нашите клиенти – рекле тие.

Сè уште не е познато дали и кога технологијата ќе биде воведена во остатокот од светот.