Гастроентеролог тврди дека три намирници можат да го спречат ракот на дебелото црево
Високиот внес на растителни влакна веќе со години се поврзува со помал ризик од рак на дебелото црево, а е особено корисно за луѓето кои консумираат преработено црвено месо.
Ракот на дебело црево е сè почест кај помладите возрасни, поради што експертите ја нагласуваат важноста на превенцијата преку секојдневните навики. Иако не можеме да влијаеме на некои фактори, исхраната е еден од најважните елементи што можеме да ги контролираме. Затоа, гастроентерологот д-р Венди Лебрет истакнала три научно поткрепени намирници кои можат да помогнат во намалувањето на ризикот од развој на оваа болест.
Лук
Навидум едноставна состојка, лукот е всушност исклучително моќен сојузник во одржувањето на здравјето на цревата.
„Лукот е поврзан со намален ризик од рак на дебело црево“, објаснува д-р Лебрет за SheFinds. Таа додава дека ова најверојатно е поврзано со неговиот пребиотски ефект и позитивниот ефект врз цревната микробиота. Лесно е да се вклучи во исхраната – може да се додаде во сосови и разни јадења.
Јогурт
Д-р Лебрет го наведува јогуртот како една од нејзините омилени намирници за дигестивно здравје. „Јогуртот е познат и по тоа што го намалува ризикот од рак на дебелото црево“, вели таа, цитирајќи студија која открила дека две порции јогурт неделно кај мажите го намалиле ризикот од развој на полипи, преканцерозни израстоци во дебелото црево.
Клучот е во неговото богатство со пребиотици. Гастроентерологот препорачува да се избере обичен, грчки или класичен јогурт со ниска масленост и да се комбинира со бобинки за здрав појадок.
Храна богата со растителни влакна
Високиот внес на растителни влакна веќе со години се поврзува со помал ризик од рак на дебелото црево.
„Повеќето луѓе не внесуваат доволно растителни влакна“, предупредува д-р Лебрет.
Таа истакнува дека влијанието е особено корисно за луѓето кои консумираат преработено црвено месо. Грав, леќа, зеленчук и овошје се одлични начини да додадете растителни влакна во вашата исхрана и да го намалите внесот на штетни состојки.