Генерално чистење на крвните садови и цревата
Овој народен лек е одличен за меморијата и концентрацијата (особено за постари лица), го намалува крвниот притисок, лекува артериосклероза и запек.
Чистење на организмот треба да се прави најмалку еднаш на секои шест месеци, или двапати годишно, бидејќи акумулираните токсини можат да доведат до разни болести.
Чести настинки, инфекции, замор, поспаност, недостаток на концентрација – сето ова е доказ за присуство на токсини во телото, бактерии и други, не помалку штетни супстанции.
Еве еден ефикасен природен лек од руската народна медицина врз база на кефир и брашно од хељда.
Чистење на крвните садови и цревата
Многумина од вас знаат дека кефирот е „еликсир на младоста и здравјето“, а брашното од хељда има исклучителни лековити својства: го зајакнува телото, ги подмладува крвните садови, го елиминира заморот, ја зголемува циркулацијата во рацете и нозете и го засилува лачењето на урина.
Одлично е за меморијата и концентрацијата (особено кај постарите лица).
Го намалува крвниот притисок, лекува атеросклероза и запек.
Во комбинација со кефир, го намалува нивото на шеќер во крвта, ги чисти цревата и крвните садови, го нормализира метаболизмот и функцијата на панкреасот и го зголемува нивото на хемоглобин во крвта.
Рецепт за чистење на крвните садови и цревата
Состојки:
1 лажица брашно од хељда
180 мл кефир
малку мед (по избор)
Подготовка:
Во вечерните часови измешајте брашно од хељда и кефир. Оставете го да отстои во фрижидер до наутро.
Кога ќе станете, додадете го медот и повторно добро измешајте.
Консумирајте наместо појадок. После тоа, не јадете ништо најмалку 3 часа. Практикувајте ја оваа детоксикација две недели.
Освен што ќе го исчистите телото од токсини, ќе го изгубите и вишокот килограми на здрав начин.