Ги намалува притисокот, холестеролот и шеќерот

Фото: Unsplash
216

Само две шолјички семки од калинка дневно можат да ги заменат мултивитаминските таблети! Ова овошје може успешно да се користи и за лекување на грчеви, чир на желудникот, желудочна киселина

Калинките благотворно делуваат на целиот организам, а нивната вредност е непроценлива поради фактот што содржат повеќе витамин Ц од портокалите и лимоните, како и поради тоа што содржината на витамин Ц не се намалува со термичка обработка, туку напротив, по десет минути готвење, количината на витамин Ц дури и се зголемува, покажуваат истражувањата.

Дали знаевте дека само две шолјички зрнца од калинка дневно можат да ги заменат мултивитаминските таблети? Нејзината моќ не застанува тука.

Го намалува холестеролот

Антиоксидантите во калинката ќе го намалат холестеролот во телото. Доколку страдате од зголемени масти, се препорачува редовно да пиете чај од калинка. Истиот совет важи и за оние со хипертензија и срцеви проблеми.

Богата со антиоксиданти

Содржи високо ниво на антиоксиданти, како што се каротеноиди, флавоноиди и полифеноли, кои имаат функција да го штитат имунитетот, а ќе бидат и голема поддршка во превенција од малигни тумори и болести на крвните садови.

Го регулира нивото на шеќер

И луѓето со дијабетес ќе имаат корист од ова лековито растение: го регулира нивото на шеќер во крвта и го намалува ризикот од развој на дијабетес.

Ги регенерира клетките на кожата
Добро е за лекување на лузни, акни, изгореници. Го спречува сушењето на кожата и ја поддржува нејзината хидратација. Пиењето чај од калинка е добро за кожата бидејќи содржи витамин А, кој ја одржува еластичноста на кожата и го спречува создавањето на брчки и дамки.

Делува на коските

Витаминот Ц во калинката е одговорен за производството на колаген во телото, кој е неопходен за структурата на коските.

Произведува црвени крвни зрнца

Железото од калинката произведува црвени крвни зрнца кои носат кислород и хранливи материи низ телото, што се намалува за време на менструалниот циклус. Витаминот Ц ја олеснува апсорпцијата на железото.

Лечи стомачни заболувања

Успешно може да се користи во лекување на грчеви, чир на желудникот, желудочна киселина.

Кората содржи повеќе од 20 отсто танин. Тоа е ефикасен лек против проливи. Чај од калинка се прави од сува кора која се ситни на помали парчиња и се чува на суво место. Потребни се 3 големи лажици ситна кора која се прелива со 1 литар зовриена вода. Се остава 15 минути и се цеди пред консумација.

Чајот е полезен и за отстранување на цревни паразити и цревни инфекции.

Го намалува ризикот од рак на простата

Содржината на растителни хормони го намалуваат ризикот од рак на простата. Калинката може да доведе до намалување на вредностите на ПСА во крвта со секојдневно пиење на 250 мл. сок од калинка.

Имаме два методи за брзо вадење на семките

Исечете ја калинката на половина.
Едната половина опфатете ја со прстите така што исечената страна на овошјето е свртена кон дланката, но не ја допира.
Држете ја раката над садот во кој ќе ги соберете семките.
Земете лажица и потчукнете посилно на тркалезната страна на калинката со кора.
Семките ќе паднат во садот, неоштетени од ударите.

Друг начин е да ја потопите калинката во сад со ладна вода и да ја исчистите под вода. Лушпите се лесни и ќе испливаат на површината, додека зрната ќе останат на дното.