Ги обновува штитната жлезда, жолчката и црниот дроб

316

Ако ја вклучите во својата исхрана, ќе бидете изненадени со бројните благодети што ги носи за организмот. Црната ротква е корисна за многу здравствени проблеми

Црната ротква е малку подзаборавена намирница која е исклучително здрава и се користи за лекување на различни видови болести.

Има многу позитивни својства кои добро делуваат на проблемите со штитната жлезда, како и во борбата против лошото варење.

За оваа намирница се вели и дека е одличен лаксатив.

Црната ротквица може многу да помогне во подобрување на здравјето, но може и да ви го обнови ткивото на кожата.

Освен тоа, ротквицата може да ви помогне да ги исфрлите од организмот сите штетни материи, но и да се изборите со болките во стомакот.

Не треба да се заборави ниту на позитивното дејство на ротквата врз црниот дроб затоа што го чисти и помага за подобрување на неговите функции.

Ротквата е богата со витамин Ц и со различни антиоксиданти и хранливи материи.

За да ги искористите подобро сите благодети на црната ротква подгответе ја по следниот рецепт:

4 помали роткви

Помало парче рендан ѓумбир

4 лажици мед

Сок од 4 лимони

50 мл вода

Сите состојки ставете ги во блендер и помешајте ги. Кога ќе добиете густа смеса ставете ја во стаклена тегла и убаво затворете ја.

Земајте по една лажица 3-4 пати дневно во текот на три недели и пијте две литри вода на ден за да може целосно да ги искористите добрите својства на ротквите.