Гладен човек, жив ѓаол

280

Ако дома ви се наоѓа само стар и сув леб, веројатно го печете и правите двопек, а ако останете без леб? Ќе земете двопек и ќе го испржите со јајца

Секому му се случило да купи повеќе леб отколку што може да изеде, па кога ќе сфати дека ако не преземе нешто ќе треба да го фрли, го пече во рерна и си прави двопек.

Е потоа, ако некогаш останете дома без леб, тука ви е двопекот. И не мора да го јадете таков каков што е, можете да си направите со него пржени лепчиња.

Постапката е иста како и со обичниот леб. Ги натопувате кришките во матени јајца со малку сол и млеко и ги пржите во врел зејтин.

И ете, ако немате тазе леб, ќе ви се најде и двопекот. Само не фрлајте! Никогаш!