Го регулира крвниот притисок, важен е за здравјето на мозокот и бубрезите, а многу јадења не би биле исти без него…

Фото: Pexels
376

Овој зачин е исто така важен и за одржување на силен имунолошки систем, добар извор е на фолна киселина, важен за здравјето на мозокот и кардиоваскуларниот систем.

Магдоносот е неизбежен придружник на морковот во супите и чорбите, но тоа не е единствениот начин да го консумирате. Коренот од магдонос можете да го исечете на стапчиња и да уживате во грицкањето со омилениот сос или да го додадете во салати и сендвичи. Можете да го сварите на пареа, да го печете или динстате заедно со друг зеленчук и со месо. Варен или динстан и пасиран во пире одличен додаток со печено месо.

Витамин Ц

Можеби не е толку познато, но коренот од магдонос е богат со витамин Ц, па порција од 100 грама содржи 55 отсто од дневната потреба за овој витамин. Овој дел содржи и многу фолати (45 проценти од дневната потреба) и петтина од дневната потреба за влакна. Најважните минерали во магдоносот се калиум, магнезиум, цинк, фосфор и железо.

За препознатливата арома на магдоносот се идговорни главните активни супстанции – миристицин и апиол, кои делуваат како антиоксиданти и имаат антиинфламаторно дејство, па затоа магдоносот се смета за добра превенција од одредени хронични заболувања. Тоа е важно за одржување на силен имунолошки систем, а некои студии покажуваат дека може да биде и антиканцероген. Сепак, миристицинот и апиолот, кои се присутни во коренот, листот и семките на магдоносот, имаат и друго лице, поради што магдоносот е прогласен за отровна билка за 2023 година во избор на ботаничката градина Вандсбек (Wandsbek) во Хамбург. Сепак, нема причина да се плашиме, бидејќи штета би можела да предизвика само консумирањето на огромни количини од овие соединенија и тоа од етеричното масло од магдонос, а тоа не може да се постигне со јадење на корените и листовите.

Здравје на мозокот и кардиоваскуларниот систем

Магдоносот ја зголемува и циркулацијата, ги ублажува проблемите со мочниот меур и уринарниот тракт, го регулира крвниот притисок, ја подобрува крвната слика, ја елиминира треската и воспалението на очите, лек е за бубрезите, кожата и црниот дроб, спречува иритација по каснување од инсекти.

Магдоносот е добар извор на фолна киселина, важен за здравјето на мозокот и кардиоваскуларниот систем.