Го штитат нашето тело од стареење, ги чистат бубрезите и имаат антиканцерогени својства

Фото: Pixabay
174

Праските се одличен помошник за чистење на цревата, бубрезите, желудникот и црниот дроб од токсини. Ако се прашувате дали се поздрави нектарините или обичните праски, треба да знаете дека нектарините имаат двојно повеќе витамин А, малку повеќе витамин Ц и значително повеќе калиум.


Сега е нивната сезона. Праските може да се уживаат од јуни па до крајот на август.

По потекло се од Кина, а заедно со кајсиите, сливите, бадемите, вишните и црешите припаѓаат на фамилијата рози Rosaceae.

Царство на витамини и минерали

Околу 150 грама од ова овошје содржи само 58 калории, 14 грама јаглени хидрати, помалку од еден грам масти, еден грам протеини и два грама влакна.

Праските се богати со вода и имаат висока содржина на каротин.

Содржат витамини А, Б1, Б2, Б6, Ц и Е и разновидни минерали; калциум, калиум, фосфор, сулфур, железо, магнезиум, манган и бакар.

Покрај тоа, ова овошје е полно со антиоксиданти кои го штитат нашето тело од стареење и разни болести. Колку е посвежа и позрела праската, толку повеќе антиоксиданти содржи.

Осум здравствени придобивки од праските

Не треба да се занемарат ниту здравствените придобивки што ги обезбедуваат.

Но, важно е праската да е природна и да не се третира со разни пестициди и хербициди.

  1. Здравје на очите

Поради богатиот извор на бета каротен, соединение кое се претвора во витамин А во телото, јадењето праски ќе придонесе за здравјето на очите.

Ова соединение помага и во спречување на ноќно слепило и макуларна дегенерација поврзана со возраста.

  1. Заштитуваат од токсини

Праските се одличен помошник за чистење на цревата, бубрезите, желудникот и црниот дроб од токсини.

Високата содржина на влакна го исфрла целиот токсичен вишок отпад од дебелото црево и помага во заштитата од рак на дебелото црево.

Нивното консумирање придонесува за редовно варење и намалување на ризикот од запек.

  1. Помагаат при слабеење

Праските содржат природни овошни шеќери кои ја задоволуваат потребата за слатки, а со тоа ја намалуваат потребата од разни нездрави слатки.

Чајот од цветови од праска се користи во различни култури за слабеење.

  1. Се борат против ракот

Праските се неверојатно богати со антиоксиданти.

Особено, кожата и месото на праските се богати со каротеноиди и кофеинска киселина, типови на антиоксиданти за кои студиите покажале дека имаат антиканцерогени својства.

Дополнително, испитувањата во епрувета и со животни покажале дека соединенијата во семките од праска може да го ограничат растот на неканцерозните тумори на кожата и да спречат тие да се претворат во канцерогени.

Полифенолите, кои исто така се во изобилство, можат да го намалат и ограничат растот и ширењето на клетките на ракот.

  1. Го намалуваат ризикот од срцеви заболувања

Железото и витаминот К кои ги содржат праските се две важни материи за одржување на здравјето на срцето.

Витаминот К го спречува згрутчувањето на крвта и штити од огромен број срцеви заболувања, додека железото ја одржува крвта здрава и силна и ја спречува анемија со дефицит на железо. Ликопенот и лутеинот во праските исто така значително го намалуваат ризикот од развој на срцеви заболувања.

  1. Ги чистат бубрезите

Калиумот кој се наоѓа во праските е одличен сојузник за намалување на бубрежните заболувања и чистење на мочниот меур.

Јадењето праски ќе помогне да се спречи воспаление на бубрезите и разни други бубрежни заболувања, како и ефикасно да се отстранат камењата во бубрезите.

  1. Сојузници се на здравата кожа

Нивото на витамин Ц во ова овошје (околу 17 проценти од дневната вредност во 150 грама праска) ја поддржува младоста на кожата, а помага и за одржување на имунолошкиот систем.

Праските го забавуваат процесот на стареење и го намалуваат формирањето на брчки на кожата. Триењето на ова овошје на кожата како маска дополнително ќе ја нахрани и освежи вашата кожа однадвор.

  1. Можат да ги намалат симптомите на алергија

Праските можат да ги ублажат симптомите на алергија.

Кога нашето тело е изложено на алерген, тој ослободува хистамини или хемикалии произведени од нашиот имунолошки систем за да го ослободи телото од алергенот.

Хистамините се дел од одбранбениот систем и предизвикуваат симптоми на алергија како што се кивање, чешање или кашлање.

Истражувањата покажуваат дека праските можат да помогнат во намалувањето на симптомите на алергија со тоа што го спречуваат ослободувањето на хистамин во крвта.

Сепак, потребни се повеќе истражувања за да се утврди јачината на овие ефекти кај луѓето со алергии.

Обични праски или нектарини?

Тие се подеднакво убави, но не ги сакаат сите подеднакво.

Главната разлика помеѓу овие два вида овошје е недостатокот на влакна на кожата на нектарините. Нектарините можат да бидат помали од праските и да имаат повеќе црвена боја однадвор и повеќе арома.

Освен тоа, нектарините ги содржат сите хранливи состојки на праската, но и повеќе.

Имаат двојно повеќе витамин А, малку повеќе витамин Ц и значително повеќе калиум од обичните праски.