Го забавува стареењето и фантастичнo е за здравјето: Овој коров дефинитивно треба да се најде во вашата чинија

Принтскрин: Јутјуб
527

Го сметаме за коров, но всушност е бесплатна храна и неверојатен природен лек! Селенот, цинкот и бета каротенот туштот ги содржи многу повеќе отколку морковите, а омега-3 масните киселини, многу повеќе отколку рибиното масло.

На туштот (лат. Portulaca oleracea), оној здодевен коров кој постојано ви никнува по саксиите и ги гуши сите други билки и цвеќиња околу себе, не му треба никаква грижа или помош од човечка рака, бидејќи расте таму кадешто никој не го сади.

Туштот е едногодишен, но многу упорен и издржлив плевел кој расте практично насекаде – во дворовите и градините, но и покрај улицата и тротоарите.

Откако еднаш ќе се појави, тешко е да се ослободиме од него (најчесто се населува под доматите – па прво побарајте го таму).

Но она што можеби некои од вас сѐ уште не го знаат е дека ова растение, кое често се смета за плевел, е всушност бесплатна храна и неверојатен природен лек!

Затоа излезете надвор и побарајте го.

Како се користи?

Неговата моќ се покажа како фантастична за нашето здравје, а неговата убавина успешно пркоси на секој порив да го откорнеме.

„Тоа е едногодишно, ползечко растение кое цвета од мај до септември, а освен во градините, можеме да го сретнеме и во дворовите и ливадите, листовите му се јајцевидни, месести и рамни, а црвеникавите стебла се долги околу 40 сантиметри. Вкусот е солено киселкаст“, вели д-р Анита Фрајман која е лиценциран едукатор за сирова храна.

Според неа, ова моќно растение и неговите лековити својства се користеле со векови во Индија и Кина, а според некои записи го користеле во своите рецепти и старите Грци.

„Туштот е всушност разноврсно растение кое можеме да го користиме на навистина различни начини, како сок, салата, можеме да го користиме за правење разни чорби, супи, рижото…

Ова растение може да се користи во целост; неговите лисја, стебла, семиња и мали жолти цветови. Хранливиот состав од 100 г тушт е само 16 kcal“, вели д-р Фрајман.

Ова го прави исклучително нискокалоричен зелен лиснат зеленчук.

Покрај тоа, содржи само 3,4 г јаглени хидрати, 1,3 г протеини и 0,1 г масти.

Исклучително е богат со витамин Е, дури и повеќе од самиот спанаќ, а богат е и со витамини А и Ц.

Богато со минерали и железо

Фриман изјавила дека туштот може да биде од голема корист, особено за оние кои се борат со анемија.

„И тоа е потполно бесплатно. Покрај железото, меѓу другите минерали со кои изобилува ова разновидно растение, се и бакарот, калциумот и магнезиумот.

Селенот, цинкот и бета каротенот туштот ги содржи многу повеќе отколку морковите, а омега-3 масните киселини, многу повеќе отколку рибиното масло“, рекла таа.

„Сувите лисја од билката може да се користат како чај, кој е и добар антидепресив.

Потоа, моќта на листовите е позната и по тоа што ги лекува раните.

Мора да ги згмечите, да ги испасирате и да ги ставите на раните. Семето на туштот е добро за отстранување на паразити и натрапници кај децата, а споменатиот магнезиум, кој го има во изобилство во ова растение, ќе помогне и при главоболки. Освен тоа, ја зајакнува работата на крвните садови и срцето и генерално делува на подигнување на имунитетот.

Антиоксидантите ќе помогнат на многу начини, вклучително и во забавување на процесот на стареење“, објаснила таа.

„Каротеноидите влијаат на затегнатоста и еластичноста на кожата. Туштот е и одличен диуретик и лаксатив, поради што често се користи во препаратите за слабеење“, додала Фрајман.

Сепак, и покрај сите наведени придобивки, ова растение има и своја негативна страна.

Имено, содржи оксална киселина, па затоа се препорачува да се користи со претпазливост кај бубрежно болните.