Годинава, вино ќе се точи на плоштад Јадран!

584

На нова локација, пред хотел Јадран, годинешниот, 14-ти по ред Виноскоп почнува утре (31.10), а ќе трае до сабота (2.11)

Од утре (31 октомври) до сабота (2 ноември) на плоштад Јадран, кај Арапска куќа, односно, хотел Јадран, ќе се одржи новото издание на Виноскоп.

Традиционално, оваа манифестација посветена на виното, музиката и добрата забава на отворено, се одржува веќе 14 години.

Годинава, покрај добрите вина од повеќето најпознати македонски винарии, повеќе од 30, повторно ќе има и богата музичка понуда, настапи на музички бендови и забава со диџеи.

На фестивалот ќе настапат: Куку Леле, Фолтин, Brass Brothers, Деј ОФФ, Дј Александар Јорданов, Огнен Здравковски, Пауза за ракија, Дј Тина, Калевала, Занаду и други македонски артисти и изведувачи.

Влезот за сите посетители како и секоја година е бесплатен, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во дегустирање на одлични македонски вина, но и да се поткрепат со вкусни деликатеси.

Виноскоп годинава се поклопува и со Ноќта на вештерките, празник кој сѐ повеќе се празнува и кај нас, па не се вадете од памет ако налетате и на некоја вештерка или зомби со чаша вино во раката.