Кога сакате да ја забрзате постапката за варење гравче, ама не саката да јадете тврди зрна, додадете само една лажичка сода бикарбона или една чашка ракија
Едно од омилените јадења кај нас, но и на најдолговечните луѓе на светот, е гравот. Но, сите знаеме дека неговото варење трае со часови. Сепак, искусните готвачи откриле како да го скратат времето на готвење на гравот, а вкусот да биде совршен.
Постојат две состојки што можете да ги додадете за брзо да го зготвите вашето омилено јадење, а вие изберете ја онаа што ви одговара повеќе или што моментално ја имате дома.
Сода бикарбона
Додадете една лажичка сода бикарбона во првата вода во која се готви гравот. Оставете го гравот да крчка најмалку 15 минути, потоа исцедете ја водата и додадете малку масло. Добро измешајте за да се осигурате дека маслото се распределува на сите зрна. Содата бикарбона, исто така, ќе спречи формирање на гасови предизвикани од гравот.
Ракија
Во овој случај, ставете 4 дела ладна вода и 1 дел грав. На пример, 4 литри вода на 1 кг грав. Веднаш ставете 50 мл ракија во тенџерето и оставете да зоврие. Потоа намалете ја температурата на шпоретот и варете го гравот околу 50 минути. За тоа време, ќе омекне.