Важно е да се знае дека хартијата за печење не е наменета за повеќекратна употреба. Повторната употреба може да предизвика пукање на силиконскиот слој и ослободување на несакани супстанции. На пазарот може да се најде во две варијанти: бела хартија што е избелена (обично со хлор) и кафеава, природна хартија што не е хемиски третирана со хлорирани соединенија. И тука започнуваат сомнежите
Хартијата за печење долго време е неопходен кујнски помагач – не се лепи, заштедува масло и ги остава садовите речиси чисти. Но, додека многу луѓе ја користат речиси секој ден без размислување, сè повеќе се поставува прашањето: дали овој практичен додаток е навистина безбеден за здравјето?
Она што ја прави толку корисна – нејзината отпорност на топлина, влага и маснотии – е резултат на хемиска обработка. Изработена е од целулоза и најчесто е обложена со слој силикон што спречува лепење на храната. На пазарот може да се најде во две варијанти: бела хартија што е избелена (обично со хлор) и кафеава, природна хартија што не е хемиски третирана со хлорирани соединенија. И тука започнуваат сомнежите.
Процесот на белење со хлор може да создаде диоксини – штетни соединенија што Светската здравствена организација ги класифицира како канцерогени. Иако се присутни во хартијата во минимални количини, можно е тие да мигрираат во храната на високи температури. Откако ќе влезат во телото, се акумулираат во масното ткиво и се поврзани со сериозни здравствени проблеми – од хормонални нарушувања до рак на дојка и црн дроб.
Никогаш не ја користете повеќе од еднаш
Покрај тоа, иако силиконскиот премаз се смета за безбеден за употреба во контакт со храна, постојат истражувања кои покажуваат дека при печење на многу високи температури, може да се ослободат силоксани – хемиски соединенија кои се под лупа поради нивните можни штетни ефекти врз хормоналниот систем. Некои форми на силоксани, како што се D4 и D5, се класифицирани како супстанции со многу висок ризик од страна на Европската агенција за хемикалии, пишува Јутарњи.
Важно е да се знае дека хартијата за печење не е наменета за повеќекратна употреба. Повторната употреба може да предизвика пукање на силиконскиот слој и ослободување на несакани супстанции. Исто така, повеќето производители јасно наведуваат дека хартијата не треба да се користи над 220–230 степени Целзиусови. Се што е повисоко од тоа го зголемува ризикот од распаѓање на материјалот.
Ако сакате да ја намалите изложеноста на потенцијално штетни хемикалии, постојат поздрави и поодржливи алтернативи. Едноставно подмачкување на плехот за печење со маслиново масло е често доволно. Исто така, постојат потрајни опции како што се садови од не’рѓосувачки челик, стакло и керамика кои не испуштаат штетни соединенија. Силиконските подлоги кои можат да се користат повеќе пати се исто така добра опција – под услов да се направени од тестирани материјали и да ги имаат соодветните сертификати.
Совети за побезбедна употреба
Изберете хартија во природни бои, без хлор
Побарајте етикети како „без хлор“ и „FSC сертифицирано“
Избегнувајте хартија од непознати производители без декларација
Држете се до препорачаните температури
Не ја користете повторно еднаш употребената хартија за печење
Кога станува збор за здравјето, дури и малите навики можат да направат разлика. Иако хартијата за печење сама по себе не е причина за паника, информираноста и нејзината употреба во умерени количини може да биде клучот за долгорочна безбедност – за вас и вашето семејство.