Храна која помага во борбата против киселините

Фото: Pexels
197

Еден залак банана нема да помогне по обилен ручек со храна која предизвикува киселини. Затоа, иако има „добри“ намирници, генерално бидете свесни што внесувате во организмот

Најчесто се зборува за храна која може да ги влоши киселините, од кафе до чоколадо и домати. Но, што е со храната што може да ги ублажи? Ова се неколку клучни намирници кои треба да ги додадете во вашата исхрана доколку страдате од овој проблем.

До ова непријатно чувство доаѓа кога киселината од стомакот ќе се врати во хранопроводникот. Сепак, кога киселината е веќе во вашиот стомак не е единствениот проблем. Природните киселини во храната, кои се наоѓаат во многу овошја, зеленчуци и пијалаци, исто така играат улога, вели за WebMd д-р Бани Роланд, гастроентеролог и асистент на Универзитетот Џон Хопкинс.

За да ги спречите киселините, советува таа, оброците засновајте ги на природна храна со ниска киселина, како што се:

  1. Дињи и банани

Иако повеќето овошја имаат висока содржина на киселина, ова се исклучоци, бананите се секогаш добредојдени како закуска. Добри се сите видови дињи и лубеници.

  1. Овесна каша

Покрај тоа што е одличен начин да го започнете денот, не предизвикува рефлукс, заситува и е полна со здрави влакна.

  1. Леб

Изберете некој направен од цели зрна, пченица или леб што содржи влакна и хранливи материи.

  1. Ориз и кус-кус

Овие здрави сложени јаглехидрати се одлични ако имате рефлукс. При изборот на ориз, одберете кафеав ориз, кој има повеќе влакна.

  1. Зелен зеленчук

Брокулата, шпарогите, зелениот грав, целерот и карфиолот се со малку киселина. Друга придобивка за телото е, се разбира, количината на витамини што ги содржат.

  1. Посна живина и месо

Подгответе пилешко и мисиркино на жар или на пареа. Само извадете ја кожата и не ги пржете, вели Роланд.

Дури и меленото говедско месо и стек можат да бидат добри, доколку се посни, вели Роланд.

  1. Компири

Одличен е исто како и другиот коренест зеленчук. Избегнувајте кромид.

  1. Риба

Рибата на жар, поширана и печена е добар избор. Само не ја пржете и не користете масни сосови.

  1. Белки од јајца

Тие се добар извор на протеини и имаат малку киселина. Само прескокнете ја жолчката, која е поверојатно да предизвика проблеми.

Постојат и други намирници и билки кои долго време се сметаат за лекови за рефлукс и стомачни проблеми.

Но, имајте на ум дека иако тие можат да обезбедат олеснување за некои, но нема да функционираат за секого, вели гастроентерологот Џеј Кумерле, доктор на науки од Универзитетот Вирџинија Комонвелт.

Меѓу нив се:

Коморач: Постојат некои докази дека може да го подобри вашето варење. Има pH вредност од 6,9, па затоа има и ниска содржина на киселина.
Ѓумбир: Долгогодишен природен лек за стомачни проблеми, се чини дека помага и при рефлукс.
Магдонос: Тоа гранче магдонос во вашата чинија не е само за декорација. Магдоносот е традиционален лек за стомачни заболувања стотици години.
Алое вера: Ова е уште еден стар лек за проблеми со гастроинтестиналниот тракт кој се чини дека помага при рефлукс. Можете да купите алое вера како растение или како додаток – во капсули, сокови и други форми. Само внимавајте да не е во форма на латекс и да не содржи антрахинони (првенствено соединението алоин), кои можат да го иритираат дигестивниот систем.

Како да знаете која храна е добра?
Не можете да видите колку е кисела храната, а оваа информација не е ни наведена ниту на нутритивната етикета. Но, можете да ја истражите pH вредноста на храната, што е резултат на содржината на киселина. Колку е помала pH вредноста, толку е поголема киселината.

Така, сокот од лимон има pH вредност од 2,0. Ако целите на храна со pH од 5 или повисока, може да почувствувате помалку симптоми. Можете да го најдете нивото на pH на храната на некои интернет-страници и специјализирани книги за готвење.