Храна со „ниска масленост“: Пожелен избор или застарен тренд?

Фото: Pexels
148

Само затоа што храната е означена како храна без маснотии, со малку маснотии или со намалени маснотии, не значи дека таа автоматски е и здрав избор. Напротив…

Како и во другите сфери, ниту храната не е отпорна на трендовите.

Но, денес ситуацијата е малку променета, а истовремено има бројни трендови и движења кои се залагаат за делотворноста на различни намирници.

Една таква група се оние „low fat“, намирници со „ниска масленост“, односно храна со помала содржина на маснотии.

Дали овие намирници се пожелен избор или тоа е застарен тренд?

„Low fat“ движење

Уште во раните 1980-ти, постоеше „low fat“ тренд кој, во принцип, бараше елиминација или драстично намалување на маснотиите во исхраната.

Тогаш постоеше мислење дека мастите се виновни за високиот холестерол, вишокот килограми и слично, а тоа се совпадна токму со порастот на трендот на слабеење.

Логично, мастите станаа целосно демодирани во исхраната.

„Low fat“ движењето доби дополнителна сила, затоа што беше поддржано од советите на лекарите и промените во прехранбената индустрија, која почна да ги продава сите можни немасни верзии на грицки и намирници.

За да се надомести „изгубениот вкус“, многу од овие производи станаа полни со додаден шеќер и други адитиви, што повторно не беше баш најдобро решение.

Битен макронутриент

Очигледно, она што го знаеме денес е дека нема многу смисла да се исфрли цела група макронутриенти од исхраната, бидејќи бројните здрави масти се клучни за оптимално функционирање на организмот.

Затоа, само затоа што храната е означена како храна без маснотии, со малку маснотии или со намалена маснотија, не значи дека таа автоматски е здрав избор. Всушност, може да содржи и други состојки кои го прават производот уште полош од оригиналната верзија, пишува Mindbodygreen.

За какви било промени во исхраната, препорачуваме прво да се консултирате со вашиот избран лекар за професионален совет.