Храна за мозокот и телото

Фото: Pexels
251

Мозочната сива маса овозможува учење и сознание, а губењето на сивата маса може да биде знак за Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест и мултиплекс склероза. Сепак, нејзиното функционирање може да се подобри преку здрави навики и правилна исхрана.

Тие не чинат многу, лесно се подготвуваат, можат да го стимулираат метаболизмот и да помогнат во варењето. Мозочната сива материја е составена од нервни клетки кои ни овозможуваат движење, работа на мускулите, говор, спознание, сензорна перцепција, емоции, меморија, пишување, читање… Невролозите велат дека сивата маса не може да се зголемува во текот на животот, но додаваат и дека нејзиното функционирање може да се подобри преку здрави навики и правилна исхрана.

Одредени видови житарки може да го намалат ризикот од деменција, објаснуваат експертите.

Сивата маса и деменцијата

Сивата мозочна маса односно кората на ткивото која се нарекува кортикална сива маса, почнува да се намалува кода доаѓа до развој на деменција. Губењето на сивата маса може да биде знак за Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест и мултиплекс склероза.

Професорките Барбара Ј. Сахакијан и Кристел Ленгли од Универзитетот во Кембриџ наведуваат дека консумирањето на житарки може да влијае на функцијата на мозокот преку генот CPLKS3, кој е вклучен во градењето протеини и е важен за структурата и функцијата на клетките.

Житарките не чинат многу, лесно се подготвуваат, можат да го стимулираат метаболизмот и да помогнат во варењето. Исто така обезбедуваат подолго чувство на ситост и се одличен начин да ги контролираме калориите, да ни ја дадат потребната енергија и да ја подобриме функцијата на мозокот.

„Адекватниот внес на житарки е поврзан со подобра когнитивна функција“, вели Сахакијан, додавајќи дека се потребни повеќе истражувања за подобро да се разбере оваа врска.

Кои житарки се особено добри за функцијата на мозокот?

Професорките нагласуваат дека сепак постојат некои видови житарки кои се важни за когнитивното функционирање. Сивата материја на мозокот може подобро да функционира кога консумирате трици, пченица и овесни житарки, кај луѓе кои имале телесна маса во здрав опсег. Како начини за заштита од можни когнитивни проблеми во постара возраст се наведуваат целозрнести житарки, влакна, витамини Б и Е и други хранливи материи.

Потребни ни се и протеини.
Проф. Сахакијан предлага и целозрнестите житарки да се консумираат заедно со семки и јаткасти плодови.

Семињата и јаткастите плодови обезбедуваат есенцијални протеини, а соодветен внес на протеини е од суштинско значење за одржување на здрава телесна тежина. Кај постарите возрасни, протеините ги штитат мускулите и коските, а со тоа го зајакнуваат телото и го намалуваат ризикот од фрактури на коските, вели Сахакијан.

Без шеќер
Експертите препорачуваат житарки за појадок, без додаден шеќер, со млеко или јогурт. Можно е, како што е наведено, да се заслади овој оброк со бобинки, со малку банана. Се препорачува млекото да биде со малку маснотии. Треба да избегнуваме спакувани житарки, кои генерално содржат големи количини сол или шеќер.

„Исхраната богата со шеќер и заситени масти е богата со калории и исто така може да ја намали способноста на мозокот да изгради нови нервни врски, а со тоа негативно да влијае на нашите способности“, вели Сахакијан.
Професорите Сахакијан и Ленгли нагласуваат дека исхраната е од суштинско значење за адекватна функција на мозокот, но ја нагласуваат и важноста од редовна физичка активност, одржување на здрава телесна тежина и редовен сон. Добрите меѓучовечки односи во семејството, со пријателите и на работа се исто така важни.