И здраво и вкусно, наместо десерт: Пудинг од чиа семе и батат

401

И двете состојки на овој пудинг многу позитивно влијаат на здравјето и на целиот организам – даваат енергија, помагаат во варењето и го намалуваат холестеролот, но тоа не е сѐ.

Чиа семето има исклучително висока хранлива вредност. Го снабдува телото со протеини, витамини А, Б, Е и Д и минерали калциум, калиум, бакар, железо, манган и цинк.

Покрај тоа, чиа семето е одличен извор на влакна кои го подобруваат варењето. Интересно е тоа што консумирањето на само две лажици семки обезбедува приближно 7 грама влакна (што е четвртина од препорачаната дневна доза), 4 грама протеини, 205 милиграми калциум и дури 5 грама омега-3 масни киселини, а содржи само 140 kcal.
Чиа семето многу позитивно влијае на здравјето и на целиот организам – дава енергија, помага во варењето и го намалува холестеролот, но тоа не е сѐ. Дознајте зошто чиа семките се најпопуларната суперхрана во светот!

Помага при дијабетес

Чиа семето е потенцијален природен лек за дијабетес тип 2, кој се истражува во многу лаборатории ширум светот.

Желатинозната обвивка што чиа семето ја развива во контакт со течност може да спречи нагло зголемување на гликозата во крвта.

Го подобрува здравјето на крвните садови

Докажано е дека чиа семето го зголемува „добриот холестерол“ (HDL), додека го намалува „лошиот холестерол“ (ЛДЛ) и триглицеридите.

Го снабдува организмот со омега-3

Чиа семињата се полни со омега-3 масни киселини (скоро 5 грама по порција). Овие масни киселини се важни за здравјето на мозокот и зглобовите. Организмот може многу полесно да ги апсорбира отколку лененото семе.

Богати се со калциум

Една порција чиа семе содржи 18 проценти од препорачаната дневна доза на калциум. Со консумирање чиа го штитиме здравјето на забите и коските и ја спречуваме остеопорозата.

Обезбедува висококвалитетни протеини и помага при слабеење

Чиа семето е одличен извор на протеини за вегетаријанците и не содржи холестерол.

И слаткиот компир е одличен избор за здравјето на целиот организам. Иако се смета како варијанта на обичниот компир, всушност нема никаква врска со него, освен што се слични по изглед.

Слаткиот компир е многу поздрав од обичниот компир. Потекнува од Јужна Америка, каде што се одгледува речиси 5.000 години. Се смета за една од основните намирници во исхраната на локалното население. Денес, поради неговиот извонреден вкус и лековити својства, се сади сѐ повеќе и повеќе ширум светот.
Помалку е познато дека за јадење може да се користат и младите листови од сладок компир, кои се исто така богати со хранливи материи. Овие делови од слаткиот компир се многу лековити и се користат илјадници години за лекување и спречување на разни болести.

Бататот го подобрува варењето, спречува запек

Поради изобилството на влакна, слаткиот компир е идеален за подобрување на варењето и спречување на запек. Не треба да заборавиме дека редовното внесување на влакна спречува други, посериозни болести. Пред сè, кардиоваскуларни нарушувања и некои видови малигни тумори.

Го ублажува воспалението

Виолетовите слатки компири содржат високи концентрации на антоцијанини. Овој антиоксидант (научно докажан) има силни антиинфламаторни својства. Ова важи и за холинот, друга состојка на овој зеленчук. Исто така, помага во апсорпцијата на мастите, придонесува за квалитетот на сонот и ја подобрува меморијата.

Слаткиот корен превенира рак

Портокаловиот батат е одличен извор на бета-каротен (во телото се претвора во витамин А). Го намалува ризикот од рак на дебелото црево, простатата и дојките, што е потврдено со бројни студии. Покрај тоа, ја поттикнува плодноста, помага во синтезата на хормоните за време на бременост и доење, позитивно влијае на видот и го забавува процесот на стареење.

Слаткиот компир и дијабетесот
Исклучително нискиот гликемиски индекс го прави слаткиот компир погоден за исхрана на дијабетичарите. Гликозата се апсорбира побавно и нејзиното ниво во крвта е избалансирано и поблиску до нормалните вредности. Исто така, големата количина на влакна во овој хранлив корен го намалува нивото на шеќер и го регулира нивото на маснотии во крвта.

Го чува срцето

Слаткиот компир е вистинска ризница на калиум, минерал кој игра важна улога во контролирањето на функциите на срцето. Тоа е важно за одржување на оптималниот крвен притисок. Коренот од сладок компир со средна големина обезбедува 10 проценти од вкупните дневни потреби за калиум.

Овој зеленчук е богат и со витамин Б6, кој го намалува нивото на хомоцистеин.

Ја подобрува крвната слика

Слаткиот компир е богат со железо, минерал кој игра клучна улога во производството на црвени и бели крвни зрнца. Помага и во метаболизмот на протеините.

Го зајакнува имунитетот

Бидејќи е одличен извор на витамин Ц, слаткиот компир го зајакнува имунитетот и е одлична превенција од грип и настинка. Во случај на овие болести, овие зеленчуци мора да бидат вклучени во менито на пациентот.

Го намалува стресот

Магнезиумот е уште еден многу важен минерал кој слаткиот компир го содржи во големи количини. Ќе го намали нивото на стрес и ќе има релаксирачки ефект врз целото тело. Ќе ги регенерира мускулите, ќе ги исчисти артериите и ќе ги направи срцето и коските уште поздрави. Исто така, им помага на нервите, кои со негова помош ќе функционираат правилно.

Рецепт за пудингот:

1 батат

3 лажици чиа семе

300 мл растително млеко (ние употребивме млеко од ориз и кокос)

Приготвување:

Ништо полесно. Излупете го и сварете го бататот, а потоа со помош на малку од водата во која се варел, направете пире. Во меѓувреме натопете 3 лажици чиа семе во 300 мл растително млеко и добро измешајте.

Кога пирето ќе се олади, распоредете го во неколку помали стаклени садови (или во теглички) и одозгора распоредете рамномерно од чиа семето и млекото.

Оставете го во фрижидер до следниот ден.

По желба додадете и некое овошје или јаткасти плодови, а можете да го консумирате и вака. Ние го јадевме без никакви други додатоци и беше одлично.