Или го сакате или го мразите: Германски „лек“ за желудник и добро расположение

Фото: Принтскрин
2

Рецептот за Ундерберг е создаден во 1846 година од Хуберт Ундерберг, но дури по Втората светска војна пијалакот станал препознатлив благодарение на малите шишиња за еднократна употреба…

Ундерберг, германски дигестив кој неуморно се спротивставува на забот на времето повеќе од 150 години, служи како краток пијалак за дружење, народен лек за проблеми со желудникот – но и состојка за подготовка на коктели.

Специфичното мало пакување во шишиња од 20 мл е препознатливото лице на овој народен напиток „за душа и желудник“.

Рецептот за Ундерберг е создаден во 1846 година од Хуберт Ундерберг, но дури по Втората светска војна пијалакот станал препознатлив благодарение на малите шишиња за еднократна употреба. Идејата ја промовирал внукот на Хуберт, Емил Ундерберг, а пијалакот почнал да се рекламира како еликсир по оброкот – како што вели етикетата: „По добар оброк – за чувство на бистрина и будност“.

Интензивните билни вкусови на пијалакот вклучуваат анасон, каранфилче и пелин, како и други билки (точната листа е тајна) од 43 различни земји. Ундерберг е сличен по стил на амаро, но не му се додава шеќер.

По неколку месеци стареење во дабови буриња, еликсирот со 44 проценти алкохол е подготвен за дегустација. Овој горчлив ликер е еден од оние пијалаци што или ги мразите или ги сакате затоа што неговиот интензивен вкус не е за сечиј вкус.

Мајсторите за коктели кои го користат Ундерберг како инспирација за мешање пијалаци го препорачуваат горчливиот ликер во комбинации со вермут, рум, виски и текила, а исто така добро се комбинира со освежителен сок од ананас или цитруси.