Имаме рецепт за напиток што ќе ви помогне да ослабнете

Фото: Pixabay
219

Коријандерот го стимулира варењето и го поттикнува правилното функционирање на црниот дроб и цревата. Некои состојки имаат и антибактериски својства. Богат е со антиоксиданти, витамин А и витамин Ц

Коријандерот е едно од најдобрите природни средства за чистење на телото од токсини.

Содржи железо, кое лесно се апсорбира во крвта, па затоа им помага на оние кои се борат против анемија.

Киселините кои се наоѓаат во коријандерот го намалуваат холестеролот во крвта и ја потиснуваат акумулацијата на холестерол во артериите и вените.

Исто така, познато е дека растението го олеснува артритисот и ревматизмот поради цинеолот и линолеинската киселина.
Коријандерот го стимулира варењето и го пoттикнува правилното функционирање на црниот дроб и цревата.

Некои компоненти на коријандерот имаат антибактериски својства.

Коријандерот е богат со антиоксиданти, витамин А и витамин Ц, минерали и есенцијални масла кои го забавуваат стареењето на очите, како и болестите на очите.
Од коријандерот може да се направи чај и вода од коријандер, која се добива со варење или натопување на семките во вода.

Водата е одлична за детоксикација и ако сте во процес на слабеење.

Рецепт за вода со коријандер
Во стаклено шише ставете 1 лажица семе од коријандер.

Наполнете го до врвот со вода. Оставете го во фрижидер преку ноќ за да се впие добро семето. Водата од коријандер е подготвена за пиење кога ќе добие кафеава боја.
Процедете го од семките и уживајте.

Овој напиток е особено добар за пиење наутро, одличен е за варење.