Имате некоја тегла плус?

93

Ако не го направивте тоа вчера, сѐ уште не е доцна. Денес (13 ноември), ден на ослободување на Скопје, но и светски ден на љубезноста, донирајте храна на две локации во градот (пред ТИНЕКС, на улица Првомајска и пред ВЕРО 2, во Тафталиџе). Акцијата трае до 20 часот.

Во текот на вчерашниот ден (12-ти ноември) и денес (13-ти ноември), во тек е уште еден хуманитарен настан за собирање на храна насловен како Тегла +.

Активноста се одржува на две локации: Пред ТИНЕКС, на улица Првомајска и пред ВЕРО 2, во Тафталиџе.

Организаторите на настанот, здружението Вистински дела на љубезност, со своите партнери СИЕК, Американ корнер, Направи повеќе, СОЛЕМ и Асоцијација Мисла, ги повикуваат сите хумани граѓани да ги посетат штандовите и да донираат храна која ќе биде наменета за бездомниците и социјално загрозените лица.

Тие препорачуваат донации на храна која не е лесно расиплива, како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, грашок, конзервирана риба, супа, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук и зошто да не, ако имате некоја тегла плус со ајвар или некоја друга туршија.

Инаку, освен што е ден кој се празнува како ден на ослободувањето на Скопје, 13 ноември е и светски ден на љубезноста.

„Тој постои за да се истакнат добрите дела во заедницата, насочени кон позитивната моќ и заедничката нишка на љубезност што нè врзува.

Посетете ги нашите пунктови за донација на храна од 13 до 20 часот во Веро Тафталиџе и Тинекс Првомајска или донирајте онлајн на следниот линк: https://ljubeznost.mk/doniraj/

Заедно, да споделиме љубезност со оние на кои им е најпотребна“, порачуваат организаторите.