Исчистете ги цревата бидејќи тие се извор на сите болести: Патот до здравјето започнува со детоксикација со природни состојки

Фото: Freepik
1.548

Доколку подолго време јадете пржена, масна и преработена храна, заситена со токсини и адитиви, ѕидот на вашето дебело црево е обложен со стврдната слуз и колонија на „непријателски“ бактерии. Поради ова, вашето тело не може да ги апсорбира повеќето хранливи материи, а тоа постепено ви го ослабува имунитетот и ве прави подложни на разни болести.

Уште во дамнешни времиња, грчкиот филозоф Хипократ изјавил дека сите болести започнуваат во цревата. Таа мисла никогаш не била повистинита од денес кога сме сведоци на тоа колку многу луѓе страдаат од рак на дебелото црево.

Ако вашите црева не функционираат правилно и не се празнат редовно, во вашето тело се задржува токсичен отпад, кој потоа се реапсорбира во телото и буквално го труе однатре.

Доколку подолго време јадете пржена, масна и преработена храна, заситена со токсини и адитиви, ѕидот на дебелото црево е обложен со стврдната слуз и колонија на „непријателски“ бактерии.

Поради ова, вашето тело не може да ги апсорбира повеќето хранливи материи, а тоа постепено го ослабува вашиот имунитет и ве прави подложни на разни болести.

Затоа, патот до здравјето започнува – со детоксикација на цревата.

Знаци дека вашите црева се преоптоварени со отпад и токсини се:

запек
грчеви во стомакот или цревата
кандида
воспаление на мочниот меур или бубрезите
лош здив
габи на стапалата
Викторија Семјонова е руска експертка за природно лекување, а ова е нејзиниот рецепт за темелно чистење на цревата.

Според нејзините зборови, тој е толку моќен и толку добро ги исфрла отровите од телото, што со редовна консумација дури може и да се смета за превентива од рак.

Според неа, важниот фактор е тоа што најголем број отрови се таложат во цревата, а поради тие токсини во телото се развиваат малигни болести.

Еве го рецептот:

Состојки:

500 г моркови
500 г цвекло
1 рака суви кајсии
1 рака суво грозје
1 лажица мед

Приготвување:

Зеленчукот ситно исечкајте го и ставете го во неоштетен емајлиран сад. Прелијте го со зовриена вода, да има два прста над зеленчукот. Додадете ги исечканите суви кајсии и сувото грозје.

Тенџерето ставете го на оган за да зоврие водата. Штом зоврие, тргнете го од рингла.

Кога малку ќе излади, додадете една лажица мед и оставете да отстои поклопено 12 часа на ладно и суво место. Потоа течноста добро процедете ја, префрлете ја во стаклени садови и чувајте ја во фрижидер.

Течноста се пие, а остатокот може да го искористите за салата.

Оваа количина ќе ви биде доволна за два дена. Пијте по половина чаша (100-150 мл) трипати дневно пред оброк.

Чистењето на цревата со помош на овој рецепт би требало да трае еден месец. После тој период, цревата ќе бидат препородени. За најдобар ефект на овој природен лек, идеално би било сите состојки да бидат од органско потекло.

Користете само локална и органски одгледана храна, бидејќи во спротивно би можеле да внесете уште повеќе токсини во вашето тело.

Придобивките од состојките од напитокот за детоксикација
Цвеклото совршено ги чисти цревата, црниот дроб и крвта и го спречува создавањето на камења во бубрезите и жолчката.

Покрај витамините Б1, Б2, Б6 и Ц, содржи цел спектар на минерали, како што се калциум, калиум, магнезиум, фосфор, стронциум и бром.

Благодарение на аминокиселината бетаин, цвеклото го спречува и формирањето на туморски клетки во телото.

Морковите имаат силни антиоксидантни својства и содржат бета-каротен, кој во организмот се претвора во витамин А. Овој витамин е силен борец против слободните радикали и чувар на вашиот имунитет, кој исто така е од суштинско значење за растот на клетките и здравјето на очите.

Морковот ја чисти крвта и бубрезите, го балансира нивото на шеќер во крвта и штити од рак.

Придобивките од сувите кајсии и суво грозје се повеќекратни.

Ова суво овошје во комбинација ја елиминира вишокот слуз од вашите стомачни органи и придонесува за здравјето на црниот дроб и слезината.

Сувите кајсии делуваат како благ лаксатив и поттикнуваат исфрлање на отпадните материи од телото. Сувото грозје исто така го поттикнува варењето, ја ублажува анемијата и го намалува ризикот од рак.

Медот, кој популарно се нарекува „течно злато“, често се користи како природен лек во народната медицина. Содржи протеини, витамини и минерали многу неопходни за организмот и има силни антибактериски својства. Природниот мед содржи пробиотици кои ја поттикнуваат активноста на т.н добри бактерии во цревата.

Дополнителни совети за здравјето на цревата
Избегнувајте мрсна, пржена и преработена храна и готови оброци.

Јадете зеленчук како кељ, брокула, зелка и прокељ.

Консумирајте храна богата со растителни влакна, како кафеав ориз, зелен лиснат зеленчук, јаболка, бобинки и ленено семе, бидејќи таквата храна дополнително ги чисти цревните ѕидови и ја стимулира нивната перисталтика.

Земајте пробиотици или т.н добри бактерии, кои придонесуваат за оптимална функција на цревната микрофлора. Консумирајте што е можно повеќе вода и незасладени билни чаеви, кои ги плакнат и елиминираат токсините.