Исхрана која може да го намали ризикот од слабеење на меморијата за дури 41 отсто

Фото: Pexels
137

Ново истражување на научниците од Харвард открива силна врска меѓу навиките во средни години и здравјето на мозокот и посочиле која исхрана може да го спречи слабеењето на меморијата за дури 41 отсто

Фасцинантни податоци од ново истражување покажуваат дека исхраната во средните години игра клучна улога за здравјето на мозокот подоцна во животот. Луѓето кои се хранат поздраво во овој период имаат значително помал ризик од слабеење на когнитивните функции во староста.

Според студија објавена во списанието Јama Neurology, одредени модели на исхрана можат да помогнат во зачувување на меморијата, концентрацијата и другите важни функции на мозокот.

Диетата DASH со најсилен ефект

Истражувачите утврдиле дека ДАШ диетата (Dietary Approaches to Stop Hypertension/Диетални пристапи за запирање на хипертензијата), која често се препорачува за здравје на срцето и намалување на крвниот притисок, обезбедува најголема заштита за здравјето на мозокот.

Лицата кои најдоследно ја следеле оваа исхрана имале дури 41 отсто помал ризик од когнитивен пад во подоцнежните години, во споредба со оние кои најмалку се придржувале до неа.

Најсилна поврзаност меѓу исхраната и здравјето на мозокот е забележана кај луѓе на возраст од 45 до 54 години, што покажува дека навиките во средните години имаат долгорочни последици.

Голема студија со над 150.000 учесници

Во анализата биле вклучени податоци од три големи долгорочни истражувања кои го следеле здравјето на медицински сестри и здравствени работници. Вкупно биле опфатени повеќе од 159.000 лица.

Научниците анализирале колку исхраната на учесниците се совпаѓа со различни здрави модели, а потоа ги споредиле резултатите со нивното когнитивно здравје во подоцнежниот живот.

Кои намирници помагаат, а кои одмагаат

Истражувањето покажало дека овие намирници се поврзани со подобро здравје на мозокот:

  • зеленчук
  • овошје
  • риба
  • умерено консумирање вино
  • чај
  • преливи за салата со здрави масти

Од друга страна, следниве намирници се поврзани со полоши резултати:

  • пржен компир
  • црвено и преработено месо
  • засладени пијалаци
  • слатки
  • јајца

Здравјето на срцето и мозокот се тесно поврзани

Експертите објаснуваат дека ефектот на ДАШ диетата врз мозокот доаѓа преку нејзиното влијание врз крвниот притисок и крвните садови.

Високиот крвен притисок може да ги оштети крвните садови што го снабдуваат мозокот со крв. Кога мозокот не добива доволно кислород, може да дојде до оштетување на мозочните клетки, што влијае на меморијата и концентрацијата.

Со други зборови, грижата за срцето директно значи и грижа за мозокот.

Резултатите од ова истражување јасно укажуваат дека здравата исхрана во средните години може значително да помогне во зачувување на менталните способности.

Навиките што ги градите денес можат да одредат како ќе функционира вашиот мозок во иднина.