Исхрана за заболени од рак на бели дробови

Фото: Pexels
1.718

Недостатокот на витамин А и каротин може да го зголеми ризикот од рак на белите дробови. Затоа, внесот на моркови, зелен лиснат зеленчук, тикви и портокали треба да биде вклучен во исхраната на пациентите со рак на белите дробови. Се препорачува и пиперка, како и кељ и спанаќ.

Ракот на белите дробови е најчест облик на тумор во светот, а почест е кај мажите. Најчесто се јавува по 60-тата година од животот, а погодува само 3% од луѓето помлади од 45 години. Ракот на белите дробови не бил чест пред 1930 година, но станува сè почест, се верува, заради пушењето.

Во Америка, ракот на белите дробови кај жените го надмина ракот на грлото на матката по смртност.

Раното откривање на туморите ги зголемува шансите за излекување и бара веднаш штом ќе се дијагностицира тумор или уште подобро, како превенција, целосно да се промени животниот стил.

Треба да се избегнува преработена храна, а свежото овошје и зеленчук, особено оние богати со витамин Ц, треба да бидат вклучени во исхраната на пациентите со рак на белите дробови.

Недостатокот на витамин А и каротин може да го зголеми ризикот од рак на белите дробови. Затоа, внесот на моркови, зелен лиснат зеленчук, тикви и портокали треба да биде вклучен во исхраната на пациентите со рак на белите дробови. Се препорачува и пиперка, како и кељ и спанаќ.

Исхраната за болните од рак значи намален внес на црвено месо и повеќе протеини од пилешко месо, млеко и млечни производи.

Рафинираните масла треба да се исфрлат. Користете ладно цедени масла и зачини како магдонос, ѓумбир, куркума и лук.

Секојдневно пијте сокови од свежо цедено овошје и зеленчук, а избегнувајте ги индустриски обработените.

Брокулата содржи фолна киселина, лутеин и бета каротен, кои се познати по своите антиканцерогени својства. Докажано е дека го забавува растот и развојот на клетките на ракот.

Доматот содржи ликопен, каротеноид кој му дава црвена боја и кој се покажал како добар за забавување на растот на клетките на ракот на белите дробови или како превенција. Ликопенот се ослободува при готвењето, па затоа е подобро да се јаде варен или во форма на сос.

Диетата која вклучува консумирање месни производи нема да ви помогне во борбата против ракот на белите дробови. Јадете што е можно помалку животински масти, но и сите производи кои содржат конзерванси, за кои е докажано дека лошо делуваат во борбата против ракот.

Мешунките се одличен извор на фолна киселина, која е важна за заштита од рак на белите дробови.

Природни лекови за рак на белите дробови: победничка диета

1. Црвена лута пиперка за борба против ракот на белите дробови

Црвената лута пиперка е одличен сојузник против ракот на белите дробови.

Смелете 1,5 кг црвени лути пиперчиња со сите семки и истурете ги во поголема тегла, а потоа прелијте ги со масло од семки од грозје, ленено масло или ладно цедено маслиново масло.

Затворете ја теглата и оставете 10 дена на темно и суво место со повремено мешање.

Добиеното масло земајте го пред секој оброк, 5 пати на ден, со малку леб, јогурт или млеко во наредните 6 месеци.

2. Лукот како природен лек за рак

Искуството покажало дека лукот има и силно антиканцерогено дејство.

Јадете по 3 чешниња лук секој ден, пред секој главен оброк, а со него џвакајте и магдонос и додавајте го во секое јадење како зачин.

Можете да пиете и чај од магдонос, од листови, од коренот или од семето магдонос.

Една кафена лажичка семки, листови или корења (или сите три заедно) прелијте ги со 200 мл зовриена вода и оставете да отстои до 15 минути, а потоа процедете и пијте 2 – 4 пати во текот на денот.

3. Чај од коњски опаш (можеби оваа билка ви е позната и како пискавец, разделниче,…)


Може да помогне и чајот од коњски опаш.

Се подготвува така што 2 лажички од чајот се преливаат со шолја ладна вода и се загреваат до вриење.

Потоа се остава покриено половина час, па се процедува и се пие.

Најдобро е да се пие чај 2-3 пати на ден, после јадење.

Дневната доза е 4 лажички коњски опаш дневно.

4. Ајдучка трева


Ајдучката трева е многу лековито растение кое помага при многу болести. Неговите цвеќиња и лисја се лековити.

Чајот од ајдучка трева се подготвува така што една лажичка ајдучка трева се прелива со 200 мл врела вода и се остава да отстои 10 минути, па се процедува.

Пијте една шолја чај до 3 пати на ден, пред јадење.

Од ајдучка трева и од коњски опаш можат да се прават и облоги против болки.

Ставете што повеќе ајдучка трева во сито, а ситото ставете го над тенџерето во кое врие водата и кога тревките ќе омекнат, ставете ги во чиста и памучна крпа, а потоа на градите за намалување на болката.

5. Мешавина за борба против рак на белите дробови

Мешавината која може да ви помогне во борбата и лекувањето на ракот на белите дробови е направена од половина килограм бадемов мед, 3 големи листови алое вера и 3 лажици коњак така што ќе се измеша сè во блендер.

Се зема 3 пати на ден, по една лажица, половина час пред јадење.

Може да измешате и половина килограм мед со 3 корени од ѓумбир, ситно сечкани.

Се зема пред секој главен оброк во текот на денот, 3 пати на ден.