Јаболков, вински или ацето балсамико? Кој оцет е најздрав?

Фото: Pexels
508

Сигурно многу пати сте се запрашале додека ја подготвувате вашата омилена салата, кој оцет е најздрав. Од трите најчесто користени видови на оцетни киселини и лимонот, изберете го она што најмногу му одговара на вашето тело.

Секоја салата бара свој прелив, без разлика дали се работи за едноставна мешавина од масло и оцет или посложена „мешавина“ на сосови и зачини. Благодарение на преливот, салатата може да поприми различни вкусови и да пружи различни гастрономски задоволства, па затоа се важни состојките што се користат. Можно е да се користат различни состојки, но основата на секој прелив за салата е масло и киселина од оцет (или лимон).

Кој оцет е најздрав?
Освен што ѝ дава вкус на салатата, оцетот, поради својата киселост, го помага варењето и има голем број здравствени придобивки. Кога станува збор за тие здравствени придобивки и хранлива моќ, сите оцети не се исти.

Јаболковиот оцет, освен за исхрана, се користи и во медицината повеќе од 10.000 години.

Покрај тоа што е ефикасен во борбата против остеопорозата, високиот холестерол и нискиот крвен притисок, се покажал и како средство за помагање на варењето и регулирање на телесната тежина. Имено, оцетот го продолжува чувството на ситост, поттикнувајќи ги луѓето да јадат помалку храна во текот на денот, што може да доведе до губење на тежината.

Покрај тоа, се смета дека јаболковиот оцет го намалува гликемискиот индекс на храната, ја подобрува чувствителноста на инсулин и помага во контролата на дијабетес тип 2.

Од друга страна, винскиот оцет, кој е прв откриен (меѓу оцетните киселини), се користи одамна како помош при проширени вени, главоболки, настинки, мачнини, го враќа апетитот и го контролира имунолошкиот систем и ги отстранува штетните токсини од телото.

Можеби не сте знаеле дека винскиот оцет е идеален избор доколку ви треба храна која го забрзува согорувањето на телесните масти до 10% – значително повеќе од другите производи за слабеење, го регулира нивото на шеќер во крвта и го намалува ризикот од развој на срцеви заболувања, но веројатно сте го користеле како средство за чистење и дезинфекција.

Ацето балсамико традиционално се произведува во Модена, Италија. Се смета за најскапиот и најценет вид оцет, што не значи дека е најквалитетниот избор. Имено, балсамико оцетот ќе ѝ даде на храната најсилен вкус и арома, но поради неговата енергетска вредност треба да го избегнуваат сите оние кои внимаваат на својата тежина и се на диети за слабеење.

На 100 грама, винскиот оцет има најмалку калории (19 kcal), а ацето има најмногу (помеѓу 80 и 90 kcal). Исто така, балсамико води и кога станува збор за содржината на шеќер. Додека винскиот оцет воопшто нема, а јаболковиот оцет има само 0,4 грама, ацето содржи дури 15 грама шеќер.

Од друга страна, ацето балсамико има многу повеќе магнезиум, калиум и калциум.

Многумина ќе заклучат дека нема потреба од оцет покрај лимонот.

Секако, лимонот е одличен антиоксидант и совршен извор на витамин Ц кој многу салати ќе ги одржи свежи.

Сепак, салатите кои содржат лиснат зеленчук со интензивен и горчлив вкус, како што се радичот и руколата, бараат „посилни“ преливи со допир на сладост за да се ублажи горчината.

Најдобар избор овде е винскиот оцет или балсамико. ќСалатата во која доминираат билки и состојки со благ вкус најдобро е зачинета со подеднакво благи ароми на сок од лимон.

Затоа, следниот пат кога ќе направите салата, размислете за содржината, вкусот и хранливите состојки.