Јадете цвет од багрем, а може да направите и чај: Природна помош за многу тегоби

Фото: Pexels
162

Багремот помага при лекување на вируси, грчеви, кожни болести, варење, ја намалува температурата, го ублажува чувството на печење во желудникот и го зголемува излачувањето на урината од телото.

Багремот (Robinia pseudoacacia) е вид дрвенесто растение од семејството на мешунките (Fabaceae). Тој е автохтон вид во Северна Америка, но денес може да се најде во многу делови од светот, вклучувајќи не и нас.

Багремот е листопадно дрво кое може да порасне до височина од 15 до 25 м. Цвета од април до крајот на мај, а цветовите се миризливи, бели или светло розеви и се појавуваат во гроздови кои висат на гранките. Тие играат важна улога во пчеларството бидејќи се богати со нектар, од кој пчелите произведуваат квалитетен багремов мед.

Плодовите се кафеави мешунки кои содржат семиња. Багремот може да се размножува со семиња или вегетативно со сечи. Се користи и во земјоделството за подобрување на квалитетот на почвата поради неговата способност за фиксирање на азотот од воздухот.

Бројни здравствени придобивки
Цветот на багремот, кој во овој период од годината го има во изобилство, треба да се чува за зимата. Помага при бројни здравствени проблеми, а најефикасен е за искашлување и ублажување на висока температура.

Цветот треба да се бере непосредно пред отворањето, да се исуши во сенка и да се чува во добро затворен сад, за да не ја изгуби аромата. Ова дрво во своите цветови крие витамин Ц, есенцијално масло, шеќер, смола и танини, а во семките протеини, јаглени хидрати, витамини А, Б1, Б2, Б6, Ц, како и магнезиум, фосфор, железо и цинк.

Багремот помага при лекување на вируси, грчеви, кожни болести, варење, ја намалува температурата, го ублажува чувството на печење во желудникот и го зголемува излачувањето на урината од телото.

Цвеќињата во исхраната можете да ги користите и ако имате проблем со запек, ако сте настинати или ако имате срцеви заболувања.

Цветовите на багремот содржат витамин Ц, есенцијално масло, шеќер, смола и танини, а семките содржат протеини, јаглени хидрати, витамини А, Б1, Б2, Б6, Ц и магнезиум, фосфор, железо и цинк.

Чајот од цвет од багрем помага при ревматизам, гастритис, киселини и чиреви на желудникот и дванаесетпалачното црево. Се подготвува така што една кафена лажичка суви цветови од багрем се преливаат со филтрирана вода и се остава да отстои половина час. После тоа, процедете и пијте една до три шолји дневно.

Забелешка:

Кората на багремот е многу отровна, а тоа важи и за сировите лисја и семките од багремот, кои можат да предизвикаат слабост, дијареа, повраќање и ослабен пулс!

Забелешка:

Багремот не е лек, затоа мора да се консултирате со вашиот лекар за сите здравствени проблеми