Јадете и слабејте: Го намалуваат шеќерот и ве држат сити

Фото: Pexels
64

Заборавете на гладувањето и бескрајните диети, здравиот и вкусен појадок може да биде клучот за вашето слабеење. Испробајте ги овие три појадоци и ослабете додека седите пред компјутерот

Започнувањето на денот со вистинскиот оброк може да направи огромна разлика не само во нивото на енергија, туку и во тоа како го контролираме гладот ​​во текот на денот.

Наместо да посегнувате по брза храна или непланирани грицки, паметниот појадок може да ви помогне да останете сити, задоволни и фокусирани. Ако избирате оброци што го стабилизираат шеќерот во крвта и обезбедуваат долготрајно чувство на ситост, нема да посегнувате по слатки пред ручек. Покрај тоа, ќе се чувствувате полесно и поенергично по само неколку дена.

Ви претставуваме три појадоци за кои е докажано дека помагаат во слабеењето.

Пенести палачинки

    Состојки:

    3 јајца
    3 лажици млеко
    3 лажици брашно
    1 лажица шеќер
    Упатство за подготовка:

    Изматете ги белките, а жолчките оставете ги настрана. Измешајте ги жолчките и додадете го шеќерот, а потоа дополнително матете ја смесата со миксер. Додадете млеко и брашно и мешајте понатаму, а на крај додадете ги белките во истата смеса и сè нежно измешајте.

    Намрсете ја тавата со малку путер и кога ќе се загрее, ставајте мали порции од подготвената смеса. Брзите, слатки и меки палачинки се готови!

    Намаз од бејби спанаќ со крекери

    Состојки:

    3 лажици грчки јогурт
    чаша бејби спанаќ
    малку лук по желба
    сол, црн пипер
    маслиново масло

    Упатство за подготовка:

    Ставете една чаша бејби спанаќ, лук, маслиново масло, зачини и јогурт во блендер. Сè добро измешајте и вашиот намаз е готов. Префрлете го намазот во сад и сервирајте со крекери или леб од цело зрно направен од поздрави житарки. Можете да го однесете на работа ако брзате.

    Лепче од домати

      Состојки:

      2 јајца
      ситно сечкан домат
      власец
      мала чаша брашно
      маслиново масло
      сол
      пипер
      Упатство за подготовка:

      Изматете 2 јајца во сад. Исечкајте го доматот на помали парчиња и додадете го во садот со јајцата и измешајте. Додадете власец, сол и црн пипер, маслиново масло, половина лажичка сода бикарбона и брашно и сè добро измешајте. Премачкајте го садот за печење со маслиново масло и наполнете го со смесата за леб. Ставете во претходно загреана рерна на 170 степени и печете.