Јајцата се здрави, ама не на овој начин

Фото: Pexels
288

Јајцата пржени на масло не се сметаат за здраво јадење, особено ако ги пржите предолго. Прочитајте кој е најздравиот начин на консумирање на јајцата

Според многумина, јајцата се совршена храна. Тие се вкусен и здрав извор на протеини.

Се разбира, можат да се подготват на многу начини.

Јадењата со јајца содржат многу витамини, минерали и хранливи материи кои му се потребни на нашето тело.

Се верува дека конзумирањето сирови јајца е најздраво. Но, бидете внимателни, бидејќи дури и кај здрава личност, јадењето сирови јајца може да предизвика дигестивни проблеми, особено ако се работи за неадекватно чувани јајца.

Во овој случај, постои висок ризик од труење со салмонела.

Поради сите овие причини, најдобро е да се јадат термички обработени јајца.

Кој е најздравиот начин на консумирање јајца?

Ако некогаш сте се запрашале што е поздраво, варено или пржено јајце, го имаме одговорот.

Јајцата пржени на масло не се сметаат за здраво јадење, особено ако ги пржите предолго.

Таквата храна го зголемува нивото на холестерол во крвта.

Колку повеќе ги пржите јајцата, толку повеќе тие ќе содржат канцерогени и други штетни материи. Затоа варените јајца се вистинскиот избор, но колку подолго ги готвите, толку помалку хранливи материи ќе имаат.

Ако по лупењето на лушпата на жолчката остане зелена дамка, тоа значи дека јајцето изгубило многу важни микроелементи.

Затоа е најдобро да се јаде кајгана која најчесто се подготвуваа без масло или со многу малку маслиново масло.

На што да внимавате при подготовката на јајцата?

Иако изгледа едноставно, приготвувањето јајца понекогаш може да биде комплицирано, особено ако правите чести грешки поради кои вашите јајца не излегуваат совршени.

Готвењето тврдо варени јајца понекогаш може да биде предизвик, а постигнувањето совршен резултат може да биде фрустрирачки ако направите некои вообичаени грешки.

Cookist пишува дека користењето свежи јајца може да предизвика проблеми со лупењето, бидејќи постарите јајца имаат поголем „воздушен џеб“ одозгора, што го олеснува лупењето.

Свежите јајца имаат пониска pH вредност на белката, поради што се лепат на лушпата.

Постарите јајца ја губат влагата, па полесно се лупат.

Почнувањето со врела вода може да предизвика пукање на лушпата, па затоа е подобро да започнете со ладна вода.

Јајцата секогаш треба да почнете да ги готвите со ладна вода, бидејќи загревањето на водата и јајцата во исто време поттикнува рамномерно готвење и спречува пукање на јајцата.

Важно е да користите тенџере со вистинска големина за рамномерно да се сварат јајцата.

Ако користите тенџере кое не е со соодветна големина за бројот на јајца што ги подготвувате, јајцата може да се сварат нерамномерно.

Исто така, важно е да бидете сигурни дека јајцата се во еден слој во тенџерето за да имаат простор да се „движат“ додека се варат.