Јапонците направија електрична лажица која го прави вкусот на храната посолен

58

Компанијата која од продажба на пијалаци се труди да влезе и во областа на здравјето, тврди дека оваа технологија е особено важна за Јапонија бидејќи таму возрасен човек во просек консумира 10 грама сол дневно, што е двојно повеќе од препорачаното од Светска здравствена организација.

Јапонскиот производител на пијалаци Kirin Holdings почнува со продажба на електрифицирана лажица за која научниците тврдат дека промовира поздрава исхрана затоа што ги засилува солените вкусови без додавање на сол.

Претставувањето на тој производ е првата комерцијализација на технологијата која е минатогодишна добитничка на Иг Нобел, награда за невообичаена наука.

Кирин која почна со продажба на само 200 електрични лажици онлајн за цена од околу 117 евра и ограничена количина во една јапонска продавница овој јуни, на крајот се надева дека ќе продаде еден милион примероци ширум светот за пет години.

Продажбата во странство ќе започне следната година.

Лажицата изработена од пластика и метал е развиена во соработка со професорот од Универзитетот Меиџи, Хомеи Мијашита, кој претходно покажа како електричните стапчиња за јадење ги подобруваат вкусовите, во овој случај со солен вкус.
Кирин, компанија која од продажба на пијалаци се труди да влезе и во областа на здравјето, тврди дека оваа технологија е особено важна за Јапонија бидејќи таму возрасен човек во просек консумира 10 грама сол дневно, што е двојно повеќе од препорачаното од Светска здравствена организација.

Прекумерното консумирање сол е поврзано со висок крвен притисок, мозочни удари и други болести.

Јапонија има кујна која ги фаворизира солените вкусови, вели истражувачката на Кирин, Аи Сато.

Јапонците како целина треба да го намалат внесот на сол, но може да биде тешко да ги прекинеме нашите навики во исхраната.

Ова не доведе до тоа да ја развиеме оваа електрична лажица, рекла таа.

Лажичката тежи околу 60 грама и работи на литиумска батерија што се полни.