Кафе или запек?! Може ли да очекуваме стомачни проблеми ако престанеме да го пиеме омилениот утрински напиток?

Фото: Pexels
269

Забележано е дека луѓето кои не можат да замислат ден без црно кафе можат да развијат зависност и да добијат запек ако престанат да консумираат кофеин.

Кафето е силен диуретик, го поттикнува излачувањето на течностите од телото, но е и напиток кој го стимулира дебелото црево и им овозможува на некои луѓе секојдневно да ги празнат цревата. Доколку се случи еден ден да го „прескокнеме“ кафето, па дури и да решиме да престанеме да го пиеме, можно е да добиеме запек.

Кафето влијае на нервниот систем и на гастроинтестиналните хормони

Многу луѓе велат дека имаат проблеми со движењето на дебелото црево кога не пијат кафе. Нутриционистката Сандра Вигелиен забележува дека кафето ја поттикнува активноста на дебелото црево и кај некои луѓе брзо доведува до потреба за празнење на цревата.

Кафето, особено кофеинот, делува на нервниот систем, гастроинтестиналните хормони, можно е под влијание на кафето да дојде до ослободување на хормоните гастрин и холецистокинин и да се придвижи дебелото црево.

Забележано е дека луѓето кои не можат да замислат ден без црно кафе можат да развијат зависност и да добијат запек ако престанат да консумираат кофеин.

Што е запек?

Експертите наведуваат дека потребата за празнење на дебелото црево е индивидуална, но запекот се одредува како состојба со помалку од 3 празнења во текот на 7 дена.

Запекот е проследен и со тешко празнење на цревата, тврда столица, надуеност.

Оваа состојба предизвикува непријатност и понекогаш може да влијае на квалитетот на животот.

Доколку поради некоја причина одлучиме да не консумираме кафе секој ден, експертите советуваат да воспоставиме нормално варење со одредени навики во исхраната.

Треба да пиеме доволно количество вода или билни чаеви без шеќер, да консумираме храна богата со растителни влакна, да се трудиме да го контролираме стресот и да бидеме физички активни.

Кофеинот предизвикува зависност

Секако, кафето нема да влијае на секој од нас во иста мера. Се препорачува да консумираме кофеин во умерени количини, до 4 шолји дневно, доколку сме здрава личност без хронични заболувања.

Постојат бројни не до крај усогласени студии на оваа тема.

Сепак, експертите се согласуваат дека кофеинот може да предизвика и зависност кај некои луѓе, па кога не пијат кафе се јавуваат главоболки, проблеми со концентрацијата, варењето и промени во апетитот. Можна е и анксиозност и раздразливост.
Исто така, се верува дека прекумерното консумирање кофеин може да ги исцрпи хранливите материи и да придонесе за дехидрација, кога може да очекуваме и запек поради недоволно количество течност во дигестивниот систем. Се верува дека кофеинот може да го намали нивото на витамини Б, Ц и минерали како што се магнезиум, калиум, цинк.