Како брзо да го намалите високиот крвен притисок? Лута пиперка, јатки, лук, цимет, масажа…

Фото: Pexels
457

Лут пипер измешан со топла вода и мед е најбрзиот начин за намалување на хипертензијата, бидејќи за миг ги проширува крвните садови, а со тоа го намалува притисокот и поттикнува подобар проток на крв. Ова е можеби најдоброто решение што можете да го примените доколку почнете да ги чувствувате негативните ефекти од хипертензијата.

Високиот крвен притисок е болест која мачи сè повеќе луѓе. Некогаш бил резервиран за постарите, а денес зафаќа сè помлада и помлада популација.

Крвниот притисок многу зависи од начинот на живот, кој вклучува физичка активност, исхрана, нивото на стрес на кој сме изложени.

И токму заради сето тоа, хипертензијата стана болест на модерното време.

Многу влијаат и брзото темпо на живот, многу обврски и многу грижи.

Кога на тоа ќе се додаде лошата исхрана, полна со масти, сол и шеќер, прекумерното консумирање алкохол, пушењето и недостатокот на физичка активност, ситуацијата станува уште полоша.

Но, високиот крвен притисок не мора секогаш да биде последица од начинот на живот, може да биде и генетски условен, но во секој случај лошо влијае на организмот.

Тивок убиец

Последиците од високиот крвен притисок може да бидат фатални.

Најлошото е што тие се чувствуваат само кога болеста веќе напредува па затоа ја нарекуваат „тивок убиец“.

Симптомите кои се манифестираат како хронична главоболка, вртоглавица, замор, крварење од носот често се последица на оваа болест.

За жал, истите овие симптоми можат да ги почувствуваат и здравите луѓе од многу други причини,

па ретко кој ги поврзува со хипертензија додека не биде доцна, односно додека не се појават

посериозни последици, како што се срцеви заболувања, срцев или мозочен удар.

Алармантно е што и првите симптоми на висок крвен притисок значат напредна болест која треба итно да се лекува.

И не само со препишаните лекарства, туку и со начинот на живот, односно со ослободување од сè што го зголемува притисокот.

Луѓето со висок крвен притисок често се ставаат на посебен режим на исхрана, мора да почнат да се занимаваат со некои спортови, да ја регулираат својата оптимална тежина и секако – да го намалат нивото на стрес.

Намалување на притисокот со храна

Намалувањето на високиот крвен притисок би требало да се одвива со начинот на живот.

За вистинско здравје потребно е да се смени исхраната и да се зголеми физичката активност на дневна база.

Како и секое лекување, ова е процес. Меѓутоа, ако крвниот притисок нагло ви се покачува и се чувствувате лошо, добро е да знаете неколку трикови како да го намалите набрзина.

Ваквата прва помош нема целосно да го реши вашиот медицински проблем, но може да направи да се чувствувате подобро за миг.

Еден начин за брзо намалување на крвниот притисок е да консумирате одредени намирници кои влијаат на него.

Една од нив е лукот. За брзо намалување на притисокот, се препорачува да се изедат три згмечени чешниња лук.

Свежо згмечениот лук го стимулира формирањето на алицин, антибактериско соединение кое благотворно ќе делува на хипертензијата.

Циметот исто така ќе го намали притисокот. Само неговиот мирис влијае на контролата на притисокот, а ако полека земате половина лажичка цимет во прав, а потоа испиете чаша вода, високиот притисок треба брзо да падне.

Редовното консумирање цимет, во пијалак или како зачин, долгорочно ќе влијае на притисокот и ќе го одржува на нормално ниво.

Редовното консумирање на бадеми и други јаткасти плодови исто така ќе направи да се чувствувате подобро.

Бадемите го намалуваат холестеролот во крвните садови и го ублажуваат нивното воспаление. Само неколку бадеми дневно ќе го одржат притисокот нормален, но и брзо ќе го намалат ако е премногу висок.

Секако, мислиме на несолени бадеми.

Лутата пиперка измешана со топла вода и мед е најбрзиот начин за намалување на хипертензијата, бидејќи за миг ги проширува крвните садови, а со тоа го намалува притисокот и поттикнува подобар проток на крв.

Ова е можеби најдоброто решение што можете да го примените доколку почнете да ги чувствувате негативните ефекти од хипертензијата.

Намалување на притисокот со масажа

Доколку не можете да користите некоја од наведените намирници, можете да го намалите високиот крвен притисок со масажа.

Ќе го смири вашето дишење и ќе го намали пулсот, што е исто така клучно за намалување на крвниот притисок.

Покрај тоа, масирањето на одредени точки го стимулира протокот на крв низ мускулите, што исто така ќе поттикне заздравување. Кинеската медицина во случај на висок крвен притисок препорачува масирање на две точки на телото.

Првата се наоѓа на линијата помеѓу ушната школка и средината на клучната коска. Притисокот на ова место треба да е повеќе како галење отколку како масажа.

Наизменично масирајте ја десната и левата страна, така што прво ќе одите десет пати на едната, па десет пати на другата страна.

Друга точка што се советува да се масира за брзо опаѓање на крвниот притисок е лоцирана на половина сантиметар од ушната школка, во правец на носот.

Оваа точка треба силно да се притисне, но сепак не толку за да боли.

Држете го притисокот во една точка и завртете го малку во насока на стрелките на часовникот или спротивно од стрелките на часовникот, но не олабавувајте го целосно.

Правете го ова додека не се чувствувате подобро.

Овие неколку трикови треба брзо да ја решат непријатноста од високиот крвен притисок, но за целосно да се излечи хипертензијата, потребно е подолго време редовно да се консумираат намирници добри за срцето и крвните садови, но и да се менуваат животните навики на подобро.

Покрај здравата исхрана, вежбањето и намалувањето на стресот, потребно е и доволно спиење, пиење многу течности и откажување од пороците како кафе, цигари и алкохол.