Како да го чувате зрелото авокадо да биде свежо со денови

Фото: Freepik
85

После сето тоа чекање да биде совршено зрело, ви го откриваме најдобриот начин како да го зачувате да остане свежо. Имаме и одличен рецепт за салата со наут и авокадо

Авокадото е намирница која многу брзо се расипува, е презрева и не е за употреба.

Исто така, кога со него ќе направите гвакамоле сос или сендвич, тој брзо од светло зелен ќе стане кафеав.

Ако сте љубители на оваа здрава и хранлива намирница, вреди да се потрудите. После сето тоа чекање, штом авокадото ќе биде совршено зрело, кој е најдобриот начин да го зачувате да остане свежо?

Иако постојат одредени трикови за чување на авокадото, наједноставно е да го потопите во ладна вода и да го чувате во херметички затворен сад во фрижидер, пренесува Southern Living.

Оставете го додека не сте подготвени да го користите.

Кога ќе сакате да го користите, извадете го, исушете го и уживајте.

Еве и идеја за една салата со авокадо и наут

Салатата од наут и авокадо е освежителна мешавина од крцкави и кремасти текстури.

Наутот дава крцкавост, додека авокадото придонесува за кремаста конзистентност.
Додадете портокал, кромид, магдонос и павлака, зачинете со маслиново масло, сок од лимон или балсамико и имате вкусен и здрав оброк, богат со протеини, влакна и хранливи материи.

Фото: Pixabay


Состојки:
200 гр наут
100 гр кромид
100 гр авокадо
половина портокал
лажица маслиново масло
лажица балсамико оцет
чили по желба
сол
магдонос
100 гр кисела павлака
Приготвување:

Кромидот и авокадото ситно исечкајте ги и пропржете ги на маслиново масло и балсамико, кратко колку да омекнат. Додадете го исцедениот наут и ситно сечканата чили пиперка.

Уште малку измешајте, посолете и оставете да се излади, па додадете го магдоносот, парчињата портокал и на крајот ставете малку павлака.