Како да го зачувате грозјето за во зима? Потребни се само две состојки, тегли и малку време

Фото: Unsplash
139

Kако да го зачуваме грозјето свежо, односно, без да го преработиме или ако не сакаме да правиме вино, оцет или џем од грозје? Многу лесно…

Додека го јадеме слаткото локално грозје, барем еднаш ни паѓа на ум дека би било убаво да ги зачуваме овие миризливи и пред сѐ, вкусни бобинки за зимата и деновите кога не се достапни.

Но, како да го направиме тоа без да ги преработиме или ако не сакаме да правиме вино, оцет или џем од грозје?

Очигледно има добар трик. Имено, последните денови сите зборуваат за тоа како можеме да го направиме токму тоа.

Покрај грозјето ви се потребни само уште две состојки кои нема да го сменат вкусот на грозјето.

Ако сакате да го пробате методот на зачувување на свежи бобинки, тогаш пробајте го рецептот подолу.

Ќе ви требаат:

грозје
вода
шеќер

Подгответе големи тегли кои ќе ги измиете и стерилизирате.

Извадете ги бобинките од гроздовите, ставете ги во поголем сад или тенџере и добро измијте ги и исцедете ги.

Наполнете ги теглите до врвот со бобинки, а потоа наполнете ја секоја тегла со топла вода и на крајот додадете една лажица шеќер.

Теглите цврсто затворете ги и ставете ги превртени на капакот една до друга, во поголемо тенџере. Сега наполнете го тенџерето со вода, загрејте ја до вриење и оставете да се готви 5 минути. Исклучете и оставете ги теглите така додека не се изладат.

Кога ќе се изладат, извадете ги од тенџерето, избришете ги и чувајте ги на темно и ладно место, по можност во подрум или во оставата, но не во фрижидер.

Вака подготвеното грозје можете да го јадете веќе по неколку дена, но и по неколку недели.

Еве како изгледа постапката: