Млекото од црн сусам, не е толку популарно како бадемовото, овесното, млекото од соја, просо и други, но содржи повеќе железо, калциум, магнезиум, цинк, бакар, витамини Б и Е и антиоксиданти.
Уште едно билно млеко ги освојува нашите срца, вкусно е и кремасто, а неверојатно лесно се прави. Фантастично е за секој што од некоја причина не може или не сака да пие животинско млеко, а е добро и за подготовка на други јадења.
Во последно време, таканаречените билни млека или пијалоци направени од разни семиња и плодови на растенија стануваат сè попопуларни низ целиот свет. Овие млека служат како освежителни пијалаци, но исто така го зајакнуваат организмот.
Билните млека се алтернатива на кравјото млеко и се многу важни за луѓето кои се нетолерантни на лактоза или млечен шеќер, како и за веганите.
Овие млека имаат богат нутритивен состав, можат да се користат за подготовка на јадења и други пијалаци и отвораат повеќе опции за луѓето на посебна диета.
Се прават од различни семиња, најпознати се кокосово, бадемово, соино, овесно, од просо, а моментално популарно е црното млеко – млеко од црн сусам, кое не е толку популарно како белото, но содржи повеќе железо, калциум, магнезиум, цинк, бакар, витамини Б и Е и антиоксиданти.
Ова млеко помага во варењето и е фантастично за кожата. Вкусно е и питко, неговата текстура е кремаста и е неверојатно лесно за подготовка. Сепак, нутриционистите велат дека една чаша дневно е доволна, без претерување.
Што е потребно за црно млеко
150 г црн сусам
10 урми
1 литар вода
Како да се подготви црно млеко
Потопете го сусамот во вода неколку часа, по можност преку ноќ.
Прецедете го и ставете го во блендер.
Во меѓувреме, потопете ги урмите во млака вода 15 минути и додадете ги во блендерот, прелијте 1 литар вода и блендирајте.
Прецедете ја смесата и ќе добиете кремасто и вкусно млеко на растителна основа. Можете да додадете и сок од лимон, по желба.
Може да се чува во фрижидер до три дена.