Како да направите фантастични веге ќофтиња од кој било зеленчук?

Фото: Pexels
40

Ќофтињата од зеленчук се одличен избор и за оние кои не го сакаат вкусот на зеленчукот и одлична замена за месо за вегетаријанците.

Ќофтињата им се омилени на повеќето луѓе бидејќи се крцкави и вкусни, а се одличен избор и за оние кои не го сакаат вкусот на зеленчукот.

Со малку сос и салата, вкусни се како лесен ручек или вечера, а најдобро од сè е што можете да ги направите од она што веќе го имате во вашата кујна.

Основна формула

Зеленчукот е основата, а неговиот вкус се подобрува со сирење и зачини.

Зеленчукот и сирењето одлично се комбинираат, а аромите на лук, ароматични билки и други зачини ја заокружуваат приказната.

Значи, основата на секое добро ќофте е следното:

Зеленчук + зачини + сирење + состојки кои ќе ги спојат

Каков зеленчук да се користи?

Моркови, пашканат и слатки компири – најдобри се изрендани.
Тиквички – посолете ги и оставете ги околу десетина минути да испуштат вода.
Карфиол и брокула – исто така се одлични за ќофтиња.

Цветовите исечкајте ги на ситни парчиња, сварете ги, а подоцна испасирајте ги како компири и соединете ги со останатите состојки.
Блитва, спанаќ или кељ – треба да се исчистат, сварат (бланшираат), изладат, исцедат и исечкаат.
Можете да ги измешате сите горенаведени зеленчуци или да користите само еден вид, по ваша желба.
Пет најдобри комбинации

Во ќофтињата добро одат фета, козјо сирење, чедар, моцарела и гауда, а добар е и рендан пармезан.

Лукот, сечканиот власец и црвениот или младиот кромид додаваат фантастичен вкус.

Меѓу другите зачини, секогаш можете да додадете магдонос, копар, ким, кари.

Тиквички + млад кромид + фета + свеж копар

Карфиол + лук + козјо сирење + ким

Пченка + кромитче + пармезан + свеж магдонос

Сладок компир + млад кромид + чедар + чили во прав

Кељ + црвен кромид + моцарела + пипер

Пржете или печете

Иако печењето изгледа како поздрав избор, ќофтињата сепак се повкусни кога се пржат бидејќи така стануваат крцкави, а освен тоа се печат во плитка маснотија.

За поздрави ќофтиња, можете да користите интегрално брашно, а доколку сте чувствителни на глутен, брашно од наут, кое е полно со протеини и влакна, е одличен избор.

Рецепт за ќофтиња без разлика на изборот на зеленчук

Состојки:

1 кг зеленчук по избор

1 големо јајце

1/4 или 1/2 шолја рендано или здробено сирење

1 лажица брашно за сите намени или наут

1 лажица сечкани билки или 1 лажичка мелени зачини

1 чешне згмечен лук

1/2 лажичка сол

пипер

2 лажици масло

Подготовка:

Зеленчукот подгответе го во зависност од типот што сте го одбрале, сварете го и исцедете го. Изматете го јајцето, додадете го зеленчукот и другите состојки и сè убаво измешајте.

Проверете ја конзистентноста така што ќе направите ќофте и ако се распаѓа, додадете уште брашно. Загрејте го маслото во голема тава и пржете ги ќофтињата од секоја страна околу две до три минути.

Испржете ги и ставете на чинија обложена со салфетка за да го впие вишокот маснотии.

Можете да ги јадете топли или ладни, а послужете ги со некои сосови и салата.

Може да се чуваат и до една недела во фрижидер, а можете и да ги замрзнете.